Невеста стана мета на критики поради разголената венчаница - вулгарно или привлечно?
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
Невеста со смела венчаница, која комплетно ѝ го откри телото од страна и во фокус ги стави нејзините тетоважи, ги подели мислењата. Што мислите вие – вулгарно или привлечно?
Кет МекНил (33) е девојка од Австралија, која работи како модел и секогаш е храбра со модните избори, па така беше и на денот на нејзината свадба.
Таа облече специфична венчаница од францускиот бренд „Mônot“ која речиси комплетно и го откри телото странично, и во фокус ги стави тетоважите кои Кет ги има на себе.
Со едноставен крој и панделки на колковите, но и огромни отсечоци, многумина од нејзините Инстаграм следбеници ја проценија оваа венчаница за навистина вулгарна.
Дел пак ја поддржаа Кет поради храброста и уникатноста.
Како ви се допаѓа вам – вулгарно или привлечно?
С. С. | Црнобело