Изнесување мртовечки ковчези, заштита од вештерки: Зошто Американците правеле криви прозорци?

Името „прозорец за вештерки“ доаѓа од старото суеверие во САД дека вештерките не можат да летаат низ прозорец кој има необична форма. Се верувало дека вештерките немале капацитет да ги навалат своите метли за 45 степени, така што навалениот дизајн на прозорецот ги спречувал да влезат во домот.

koja-e-istorijata-na-taka-narechenite-prozorci-na-veshterki-vo-vermont-sad-01.png

Овие прозорци, познати како „прозорци за вештерки“, датираат од 19 век, кога поголемиот дел од државата се состоел од рурални, дури и изолирани земјоделски заедници каде што луѓето верувале во вештерки.

Прозорците се познати и како „ковчези“, иако не е јасно дали името настанало затоа што на овој начин ги изнесувале телата на починатите (ако телото било на вториот спрат на куќата), за да избегнат несреќи на стрмните и тесни скали во домот, или затоа што самиот прозорец има облик на ковчег.

Ова може да има смисла на прв поглед, но кога ќе размислите добро, теоријата се распаѓа. Каде ќе оди ковчегот преку овој прозорец? Не можете само да го пуштите да се лизга по покривот и да очекувате да слета недопрено.

Исто така, зошто да носите ковчег на вториот спрат, кога можете само да го однесете телото на починатиот на првиот спрат? Ова нема смисла, но можеби била практика која навистина постоела пред 200 години.

koja-e-istorijata-na-taka-narechenite-prozorci-na-veshterki-vo-vermont-sad-02.png

koja-e-istorijata-na-taka-narechenite-prozorci-na-veshterki-vo-vermont-sad-04.png

Сепак, вистинската причина за овие прозорци е малку попрактична.

Во 19-тиот век, северниот дел на Вермонт бил многу рурален и доминиран од мали земјоделски заедници.

Вермот обично е студено место и во домовите не влегува доволно дневна светлина.

Сепак, понекогаш немало доволно простор на надворешниот ѕид за да се инсталира голем прозорец, а поставувањето на прозорец изработен по мерка не било исплатливо.

koja-e-istorijata-na-taka-narechenite-prozorci-na-veshterki-vo-vermont-sad-03.png

Во интерес на практичноста, некои локални жители наместо тоа, инсталирале обичен и евтин прозорец, само наведнат под агол од 45 степени за да се вклопи.

Кривиот прозорец пропуштал светлина, а сопствениците сè уште можеле да го отворат за да влезе свеж воздух во куќата.

Исто така, фармерите ги користеле овие прозорци за да го фрлаат отпадот од животните што ги чувале на вториот спрат.

Зборуваме за изградба на прозорци што се случила пред 200 години и денес не се практикува и прозорците најчесто се во тавански соби во кои се чуваат стари работи.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Селото на Дедо Мраз во Рованиеми е вистинска зимска бајка: Ирваси, снешко од 3m и празнични желби Санки со ирваси, снешко од 3 метри, Дедо Мраз кому можете да му ги кажете своите...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg