Човек што ги коригира актерите во секс сцени и уште 4 интересни работни позиции кои постојат во Холивуд
- Детали
- среда, 12 октомври 2022
Знаете ли дека некогаш кога ги гледате разголени омилените актерки всушност станува збор за тело на друг човек што ги заменува во тие сцени? А, во Холивуд постои и сексограф кој се грижи за секс сцените да изгледаат добро на камера и им кажува на актерите што да прават.
Постојат толку многу работни позиции во светот и веќе ништо не ни е ново ниту пак чудно. Но, дали знаете какви какви работни позиции постојат во Холивуд?
Не се нешто нормално во Македонија, но сепак се интересни.
Двојник на тело за разголени сцени
Кога во филмовите се појавуваат Пенелопе Круз или пак Натали Портман, дел од публиката може да биде привлечена од идејата да го види својот омилен актер или актерка без облека.
Сепак, големи се шансите дека славната личност земала слободен ден на снимањето за таа сцена, а наместо тоа користела двојник на телото.
Можеби звучи како работна позиција која е досадна, но сепак ова е многу платено.
Човек што седи во театри за време на цермонии
За некој што прави церемонија на доделување награди или филмска премиера во Холивуд, самата идеја за празно место во публиката е застрашувачка.
Затоа, агенциите кои се задолжени за организација на тие церемонии секогаш вработуваат лица кои би сакале да седат таму цел ден и да изгледаат заинтересирано.
Пред да ги вработат, тие треба да испратат фотографија од личен документ и друга фотографија со облеката која планираат да ја носат на церемонијата.
Декоратор на пуканки
Декораторот на пуканки поминува многу часови за да ги направи пуканките одлични на вкус и изглед.
Најчесто ги декорира за конференции, сцени во филмови (особено филмови за деца или романтични комедии) или за настани како доделување на филмски награди. Во САД овие „совршени“ пуканки дури се продаваат и во кината, а децата се оние кои им се најголемите обожаватели.
Ако мислите дека ова би било лесна работа, замислете да треба да се погрижите секоја пуканка да биде покриена со сол, чоколадо или некаков прелив, зависно од барањата. Прилично одзема време.
Пиротехничар
Ова звучи како улога што може да биде специфична за акционите филмови, но пиротехниката вклучува многу повеќе од само разнесување на автомобилите.
Пиротехничар е лиценциран експерт кој е специјализиран за оган, експлозии и оружје. Освен со кревање автомобили и згради во воздух, пиротехничарите се справуваат и со употреба на симулирани куршуми, секаков вид пламен или чад, па дури и можат да се справат со скршено стакло и други потенцијално опасни и деструктивни предмети за време на снимањето.
Сексограф
Со сите нивни подвижни делови, познато е дека сцените со секс е тешко да се остварат правилно, а станува покомплицирано само кога ќе додадете луѓе и реквизити и ќе почнете да барате покомплицирани акробации.
Затоа, работата на сексографот е да ја коригира секс сцената до најмалите детали, работејќи со актерите за да дефинираат што ќе прават и што нема да прават и ќе се погрижи секс сцената да го прикаже вистинскиот тон.
M. Г. | Црнобело / фото: pinterest.com