Кул потег! Стјуардеси во Германија ќе смеат да ги заменат високите потпетици со патики
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
Браво! По една украинска, сега и германска авиокомпанија полека ги заменува високите потпетици на стјуардесите со патики.
По украинската авиокомпанија „SkyUp“ која им дозволи на стјуардесите да ги заменат високите потпетици со патики, за покомфорен лет и попријатна работа, сега истото го направи и германската нискобуџетна авиокомпанија „Eurowings“.
Стјуардесите од „Eurowings“ добиле патики, кои ќе можат да ги носат на т.н. „Sneaker Flydays“, кои ќе бидат во знакот на патиките и сите стјуардеси ќе носат патики.
Тоа ќе биде знак на благодарност за нивното вложување и напори, ќе се случува секој прв петок од месецот, а во иднина може ќе се воведе да биде и почесто.
Патиките се симбол на промени и олабавување на дрес кодот, за што први и најзаслужни се „SkyUp“, кои уште минатата година направија униформата на стјуардесите да биде портокалови костими со панталони и патики.
Pünktlich zum #SneakerFlyday sind unsere exklusiven Sneakers gelandet! Ab Oktober wird unsere #WingsFamily jeden ersten Freitag des Monats gemeinsam mit den Sneakers in der Luft schweben. 👟 https://t.co/9cmqkgAvYH pic.twitter.com/hnSadoUDiz
— Eurowings (@eurowings) September 16, 2022
Потсетете се ТУКА...
С. С. | Црнобело