Како жените од целиот свет ѝ даваат поддршка на кул премиерката на Финска, по видеото како лудо се забавува?
- Детали
- вторник, 23 август 2022
„Тие видеа се приватни и се снимени во приватен простор“ е реакцијата на најмладата премиерка на светот Сана Марин (36) откако протекоа видеа од неа на забава. Таа стана уште поомилена кај жените од целиот свет кои коментираат „Зошто една млада жена да не се забавува после работа?“... Сана Марин направи и тест за дрога, кој излезе негативен, за да ги замолчи хејтерите.
Премиерката на Финска, Сана Марин (36), која е најмладата премиерка во светот, порасната е во лезибска заедница и на својот Инстаграм профил објавува искрени фотки од своето секојдневие, е нетипична политичарка по многу работи, но токму затоа е и омилена кај многумина.
Сега, таа доби уште посилна поддршка од луѓето од целиот свет, особено од жените, откако протече видео од неа како лудо се забавува со пријателите и по кое настана политички скандал, па Сана Марин дури беше и тестирана за дрога, а резултатот беше негативен.
На прашањето од еден новинар за видеата од забавата, Сана Марин имаше природна реакција (од 00:13 минута).
„Тие видеа се приватни и се снимени во приватен простор. Ја минав ноќта со пријателите и се забавувавме...“
Што мислите вие - дали и политичарите се само „обични“ луѓе кои смеат да си дозволат забава одвреме навреме?
Сана Марин дефинитивно верува во тоа и токму затоа важи за една од најкул политичарките на светот, која верува дека во животот треба да се работи напорно, но и да се забавувате квалитетно.
Многу жени од целиот свет ѝ изразија поддршка на Сана Марин, откако таа доби критики од политички ривали дека однесувањето не ѝ е соодветно за премиерка.
Жените од целиот свет на социјалните мрежи прикачуваат видеа од себе како се забавуваат со хаштагот #solidaritywithsanna.
„Зошто да не се забавува после работа? Дали очекуваме дека нашите лидери не треба да бидат човечки суштества? Зошто една млада жена да не се забавува?“, е само еден од коментарите за поддршка.
Видеа од жени низ светот објавени со цел поддршка на Сана Марин:
We should all dance a little more!
— DM 🇳🇱 (@dmeijerk) August 21, 2022
I stand in solidarity with Sanna #solidaritywithsanna pic.twitter.com/q7l6qzXQzF
#solidaritywithsanna
— ぴろ (@skipenami) August 23, 2022
踊る36歳サンナマリン
フィンランド首相を
支持します。 https://t.co/KZK5bxxuPD
#solidaritywithsanna https://t.co/o7zPqWjFyb
— Sonja Terpstra 🐓 (@TerpsMLC) August 23, 2022
https://twitter.com/Legend90X/status/1561996423603929088
#solidaritywithsanna @MarinSanna https://t.co/uGAZuF1086
— Mladí lidovci (@mladi_lidovci) August 23, 2022