Милионер од Турција и 33 години помладата сопруга имаат 21 дете од сурогат мајка – сакале 100, но тој сега е во затвор

Кристина (24) и Галип (57) имаат 21 дете од сурогат мајка. Тие планирале многу поголемо семејство, но годинава Галип бил уапсен за перење пари и фалсификување документи.

milioner-od-turcija-i-33-godini-pomladata-sopruga-imaat-21-dete-od-surogat-majka-sakale-100-no-toj-zaminal-vo-zatvor-01.jpg

Кристина Озтурк била самохрана мајка на едно дете пред да го запознае нејзиниот сопруг - милионерот Галип Озтурк од Турција - кој и самиот има неколку возрасни деца од претходен брак. 

Кристина има 24, а Галип 57 години и набрзо откако се венчале, одлучиле да имаат дури 105 деца. Бидејќи сакале да имаат што е можно повеќе деца за што е можно пократок период, тие потрошиле 168.000 долари на сурогат мајки, и тоа во периодот помеѓу март 2020 и јули 2021 година.

Моментално тие имаат „само“ 21 дете, но планот за повеќе деца им пропаднал откако Галип бил уапсен за перење пари и фалсификување документи.

https://www.instagram.com/p/CZudLjDIYEg/?hl=en

Всушност, ова не бил неговиот прв судир со законот – тој избегал од родната Турција во 2018 година откако бил обвинет за убиство извршено уште во 1996 година. Поради ова, Кристина и Галип имаат дом во градот Батуми во Грузија.

https://www.instagram.com/p/CasQ8-6sfMI/?hl=en

Поради многуте деца, Кристина е популарна на Инстаграм и има над 224.000 следбеници. А, по апсењето на сопругот во мај годинава, често зборува за тоа колку е осамена.

„Навикната сум сопругот секогаш да биде дома. Бидејќи изминативе неколку години тој работи само од дома, во текот на денот минувавме многу време заедно. Навечер, кога децата си легнуваа, постојано зборувавме“, гласи описот на нејзина Инстаграм објава.

https://www.instagram.com/p/CcYXJQcskyk/?hl=en

„Сега ми е потешко од кога било. Не можам да ја поднесам тишината, не можам да го поднесам неговото отсуство, не можам да спијам и се будам сама…“

https://www.instagram.com/p/CbqPd1asWZf/?hl=en

Сега Кристина живее во огромна куќа на три ката и наводно троши 90.000 долари годишно само за дадилки.

Таа вели дека троши над 4.000 долари неделно за неопходни работи за бебињата, како пелени и бебешка храна.

https://www.instagram.com/p/Ca2w1iwMDLP/?hl=en

Пред да го запознае сопругот, Кристина, која потекнува од Русија, била самохрана мајка – има едно дете од претходна врска. Го запознала Галип кога отишла на одмор во Батуми, Грузија и вели дека станувало збор за љубов на прв поглед.

https://www.instagram.com/p/CbLQallqM9t/?hl=en

Галип е многу повозрасен од неа и веќе имал и возрасни деца, но двајцата веднаш заклучиле дека сакаат и нивни деца, и тоа што е можно повеќе.

На инстаграм Кристина откри дека на почетокот сакала да раѓа по едно дете секоја година, но набрзо сфатила дека ова ќе биде особено тешко. Па, со Галип се одлучиле за сурогат мајка.

https://www.instagram.com/p/CaU9svlMOfS/?hl=en

Нормално, со толку многу деца, Кристина вели дека некогаш ѝ е многу тешко, особено кога треба да ги обучува дадилките.

„Јас контролирам сè. Откако ќе аплицира за работа, јас ја подучувам секоја дадилка. Не дозволувам за децата да се грижат аматери и нивното воспитување се одвива по мои строги правила“.

Не е познато колку долго сопругот на Кристина ќе биде во затвор, но таа се надева дека наскоро ќе се врати и ќе можат дополнително да го прошират нивното семејство.

Повеќе фотки од Кристина и семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg