Хероина од реалноста: Учителка го даде својот живот за да ги спаси учениците од нападот во Тексас – нејзиниот сопруг почина од скршено срце два дена подоцна

„Верувам дека Џо почина од скршено срце затоа што не можеше да ја поднесе загубата на љубовта на својот живот“ – велат роднините на сопругот на учителката која загина во трагичниот напад на училиштето во САД, обидувајќи се со своето тело да ги заштити и спаси своите ученици. Тој почина само 2 дена по неговата сопруга.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-01.jpg

На 25-ти мај 2022, светската јавност остана во шок, откако 18-годишниот Салвадор Рамос со огнено оружје усмрти 19 деца и две учителки во основно училиште во градот Увалде во Тексас.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-02.jpg

Учителката Ирма Гарсија (46) трагично го загуби животот во нападот на училиштето во Увалде, Тексас, додека со своето тело се обидувала да ги заштити своите ученици, по налетот на куршумите.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-03.jpg

Само два дена по неа, во четвртокот, трагично почина и нејзиниот сопруг Џо Гарсија. Џо починал од срцев удар, а членовите на нивното семејство почнаа да собираат донации преку страната GoFundMe.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-04.jpg

Во описот на страната, братучетката на Ирма, Дебра Остин вели:

„Скршена сум од болка затоа што треба да ве известам дека Џо трагично почина утрово како последици на влошена здравствена состојба. Верувам дека Џо почина од скршено срце затоа што не можеше да ја поднесе загубата на љубовта на својот живот.“

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-05.jpg

Ирма и Џо зад себе оставија четири деца, од кои најстарото има 23 години, а за другите се смета дека се во тинејџерските години.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-07.jpg

Според изјавите на преживеаните во нападот на училиштето, Ирма заедно со нејзината колешка Ева Мирелес (44) ги изгубиле животите така што со своето тело ги покриле учениците за да ги заштитат.

ne-mozheshe-da-ja-podnese-zagubata-pochina-soprugot-na-uchitelkata-heroj-koja-go-dade-zhivotot-za-da-gi-zashtiti-uchenicite-vo-teksas-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“ Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg