Најголема земја во Европа, напуштени места заради нуклеарната катастрофа во Чернобил - Факти за Украина кои треба да ги знаете
- Детали
- понеделник, 07 март 2022
Украина е млада држава формирана во 1991-ва година и е најголем производител на пченица и житни култури во Европа, a украинскиот јазик се смета за еден од најубавите во светот - проследете неколку интересни факти за оваа земја, кои треба да ги знаете од општа култура, покрај воениот кофликт со Русија.
Во последнава деценија Украина сѐ почесто е во фокусот на јавноста поради воените конфликти, а особено во последниот месец по руската инвазија светот е преплавен со вести од оваа земја.
Но, што знаеме за Украина како земја?
Во продолжение проследете неколку интересни факти за оваа држава:
Најголема земја во Европа
Украина во целост зафаќа површина од 603,55 km2. Но, иако е мошне пространа и на прво место по површина, сепак според население (околу 43 милиони жители), таа е помала од Германија и Франција.
фото: depositphotos.com
Млада држава
Украина има комплексна историја и е една од најмладите држави во светот - била формирана во 1991-ва година, кога прогласиле независност по распадот на СССР.
Во Украина има седум места што се заштитени од УНЕСКО
Катедралата Света Софија во Киев, стариот град во Лавов, уникатните дрвени цркви во Карпатите, се меѓу седумте места што се заштитени од УНЕСКО и што задолжително треба да се посетат во Украина.
Напуштени градови
По нуклеарната катастрофа во украинската нуклеарна централа Чернобил во 1986-та година, голем број од околните населени места останаа во целост напуштени.
Најпознат таков град е Припјат кој бил основан во 1970-та година како град за работниците во нуклеарната централа, а бил напуштен 16 години подоцна.
Тунелот на љубовта
Полунапуштената пруга во Клавен во Северо-западна Украина се смета дека е најромантичното место на земјата. Овој тунел е формиран од бујната зелена вегетација околу пругата.
Според локалните легенди, на паровите што ќе го посетат ова место сите желби ќе им се исполнат.
Најдлабоката метро станица во светот
Станицата Асеналина во Киев која била отворена во 1960-та година е најдлабоката метро станица во светот и се наоѓа на длабочина од 105.5 метри.