Жена од Австралија билa жртва на напад со метанол и палење - по 10 години и 200 операции помага на други
- Детали
- недела, 06 март 2022
На само 26 години љубоморна жена ја нападнала со метанол и ја запалила, поради наводна афера со нејзиниот сопруг. Сега, Дана јавно говори за траумата и охрабрува и други жртви да се изборат.
Дана Вулин (36) од Австралија во 2012 година била жртва на напад со метил алкохол (метанол), откако љубоморна жена провалила и ја нападнала во нејзиниот дом во Перт. Таа ја обвинила за афера со нејзиниот сопруг, па ја посипала со метанол и ја запалила.
Дана тврди дека немала афера со нејзиниот сопруг, туку само разговарала со него за време на некоја новогодишната прослава.
Сега, 10 години по ужасниот напад таа ја споделува својата приказна и тешкиот пат на закрепнување.
Дана имала 200 операции во 10 години.
„Сакам да им покажам на другите жртви дека сè е возможно. Јас сум горда до каде стигнав и колку тешко работев на моето тело. Се чувствувам најсилна и најфит во животот досега“, вели таа.
„Тоа што ми се случи беше најсуровата и најзлобната работа, но не смеев да зборувам поради судскиот процес. Се сеќавам колку бев очајна. Но, постигнав многу, сега сум автор, говорник и ќе нагласам дека закрепнувањето е многу повеќе од само естетика.“
Дана се образувала на поле естетска хирургија за да може да им помогне и на другите жртви да ги подобрат лузните од повредите.
Отворила и своја клиника „I am D aesthetics“ во август минатата година каде нуди начини за прикривање на лузните.
Повеќе фотографии од Дана:
Видеото од нејзината трансформација погледнете го ТУКА. Содржината е вознемирувачка.
С. С. | Црнобело