Вирална фотка од 80-годишен старец кој се придружува на украинската армија: „Го правам ова за моите внуци“

„Го правам ова за моите внуци“ – рекол 80-годишниот старец кој одлучил да ѝ се придружи на украинската армија за одбрана на сопствената земја.

viralna-fotka-od-80-godishen-starec-koj-se-pridruzhuva-na-ukrainskata-armija-go-pravam-ova-za-moite-vnuci-01.jpg

Светот будно ги следи случувањата во Украина која во моментов е зафатена со војна.

Помеѓу големиот број емотивни видеа и фотографии што се споделуваат од Украина, на социјалните мрежи масовно се споделува и фотографијата од еден 80-годишен старец кој се пријавил за да се бори со армијата.

Во Украина, по руската инвазија се спроведува општа мобилизација на населението, а поранешната прва дама на Украина Катерина Јушченко на Твитер ја сподели фотографијата од 80-годишниот старец, што брзо се шири на социјалните мрежи.

„Некој ја објави фотографијата од овој 80-годишен старец кој се пријави во Армијата. Со себе носеше мала патна торба со 2 маици, пантолони, четка за заби и неколку сендвичи за ручек. Вели дека го прави ова заради своите внуци“ – пишува таа.

Засега не се знае каде била направена фотографијата, но истата масовно се споделува на социјалните мрежи и предизвика позитивни коментари.

„Овој човек толку многу ја сака сопствената земја што и на 80 години е подготвен да се бори за неа“ - стои во еден твит.

https://twitter.com/T_Giarratano/status/1497010428438020096

Инаку, претседателот Владимир Зеленски  во петокот објави видео на кое покажа дека тој и членовите на неговиот кабинет се во центарот на Киев и дека се одлучни да останат и да се борат.

„Сите сме тука и така ќе остане“ – рече тој.

Прочитајте и Која е првата дама на Украина - најголемата поддршка на претседателот на оваа држава во најтешките денови? (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Бизарно откривање на пол: 63-годишна жена и 26-годишниот сопруг чекаат дете од сурогат мајка Шерил од САД има 63 години, а нејзиниот сопруг има 26. Тие очекуваат дете од сур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg