Требало да се жени наскоро, поради саканата отишол во Австралија: Кој беше човекот што почина во напад на ајкула во Сиднеј?
- Детали
- четврток, 17 февруари 2022
Заради љубовта се преселил во Сиднеј и работел како инструктор за нуркање. Кој беше Сајмон Нелист, мажот што трагично загина во нападот на бела ајкула во Сиднеј?
Целиот свет денес (17.02) имаше можност да го види вознемирувачкото видео од мажот што го загуби животот во напад на бела ајкула во близина на Сиднеј, за кого подоцна беше потврдено дека е 35-годишниот Сајмон Нелист.
На само 150m од плажата во Бјукан Поинт, во Сиднеј во напад на ајкула животот го загуби 35-годишниот Сајмон Нелист. Видеото направено од страна на очевидци вирално се прошири на социјалните мрежи и во медиумите, а многумина ги обвинуваат и рибарите што биле во близина, а не направиле ништо за да му помогнат на човекот.
Според податоците ова е првиот фатален напад на бела ајкула забележан во последните 60 години во Сиднеј. Очевидците тврдат дека ајкулата нападнала од под вода и го повлекла Сајмон, по што веднаш спасувачките служби почнале да трагаат по него со помош на хеликоптери, бродови и џет-ски.
„За жал човекот претрпел катастрофални повреди не можевме ништо да направиме кога го најдовме“ – велат од екпата на брзата помош што први пристигнале на местото на настанот.
Што знаеме за Сајмон Нелист, кој беше човекот што трагично го загуби животот во нападот на белата ајкула?
Сајмон бил искусен пливач и нуркач, кој пораснал во Обединетото Кралство, а имал девојка во Сиднеј.
Тој во минатото бил вработен во „Кралското воздухопловство“ на Велика Британија, а во Австралија работел како инструктор по пливање.
Како што појаснија дел од неговите пријатели за медиумите, Сајмон бил против тоа на плажите да се користат мрежи за заштита од ајкули, затоа што според него тие не нуделе никаква заштита од грабливците, а можеле да им наштетат на другите животински видови.
Сајмон бил верен за неговата девојка Џеси Хо од Австралија. Требало да се венчаат во 2021-ва година, но ја одложилe свадбата поради пандемијата.
Кобното утро кога бил нападнат од ајкулата Сајмон тренирал за добротворен настан што бил откажан.
Тој бил редовен посетител на плажата каде го загубил животот.
Б. С. Б. | Црнобело