„Јас сум автосексуалец - вљубена сум во сама себе и не ми е потребно момче“

„Јас сум сингл и сметам дека тоа е најдоброто што една жена може да го стори за себе“, вели Луана Сандиен од Бразил и открива зошто нема потреба да се состанува со маж.

jas-sum-avtoseksualec-vljubena-sum-vo-sama-sebe-i-ne-mi-e-potrebno-momche-01.jpg

Луана Сандиен од Бразил е модел кој за себе вели дека е автосексуалец, односно дека е во љубов со сама себе и дека не ѝ е потребно момче за врска и за сексуално задоволство.

Таа веќе има еден брак зад себе, но сега вели дека ужива во врската сама со себе.

jas-sum-avtoseksualec-vljubena-sum-vo-sama-sebe-i-ne-mi-e-potrebno-momche-04.jpg

„Штом се видам себеси во огледало, се возбудувам. Да се биде автосексуалец според моето гледање е да се биде независна личност. Јас сум сингл и сметам дека тоа е најдоброто што една жена може да го стори за себе“, вели таа и открива дека нема потреба да се состанува со маж.

Луана тврди дека е во врска со сама себе од јуни минатата година и дека тоа ѝ е најубав период во животот.

jas-sum-avtoseksualec-vljubena-sum-vo-sama-sebe-i-ne-mi-e-potrebno-momche-03.jpg

„Автосексуалноста значи дека сум си привлечна сама на себе, се чувствувам убаво и не ни знаев дека постоело соодветен збор за тоа до неодамна. Некои луѓе ми велат дека сум луда, други дека сум огромен нарцис, а јас сум среќна што си се сакам себеси.

Можеби не важи за сите, но повеќе луѓе се возбудуваме сексуално кога ние самите се чувствуваме убаво во своја кожа и секси. Нè возбудува да се гледаме во огледало, допираме и дури и да го чувствуваме нашиот мирис.“

jas-sum-avtoseksualec-vljubena-sum-vo-sama-sebe-i-ne-mi-e-potrebno-momche-02.jpg

Автосексуалноста е состојба кога љубовта кон себе ќе ги потисне сите други видови на љубов.

Прочитајте повеќе околу тоа ТУКА!

Повеќе фотографии од Луана:

https://www.instagram.com/p/CYMC2vysJD_/

https://www.instagram.com/p/CUAyTtqsF3L/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg