Браво! Човек од Турција повеќе од 40 години садел дрвца на пусто земјиште и создал шума
- Детали
- четврток, 10 февруари 2022
Повеќе од 40 години, Хикмет Каја од Турција, заедно со локалните жители, садел дрвја на пусто земјиште и со неговата упорност го претворил во прекрасна зелена оаза.
Од 1978 година, Хикмет Каја работел како шумар во турскиот град Синоп, сè до неговото пензионирање 19-тина години подоцна.
По негова иницијатива, уште додека работел како шумар, Хикмет, колегите и локалните жители почнале да садат дрвја на опустошено земјиште во нивната област со надеж дека ќе го вратат зеленилото.
По пензионирањето, Хикмет продолжил да ѝ се посветува на неговата мисија и денес, околу 40 години од почетокот на проектот, ја стигнал својата цел.
Турските медиуми објавија фотографија на која шумарот гордо позира пред пошумената област држејќи слика од периодот пред да почне проектот.
Објавената фотографија многу добро ја покажува драстичната разлика што ја направиле Хикмет и неговиот тим со неуморната работа.
Наводно, во период од четири децении, во областа биле посадени 30 милиони дрвја и растенија.
„Пробавме да го дадеме најдоброто за нашата земја. Сметав дека е моја должност да ѝ служам на земјата што е можно подобро пред да се пензионирам. Го постигнавме ова со колегите соработувајќи и со околните селани.
По многу години, се осигуривме дека нашата област има поголем шумски простор за разлика од порано. Чувството е прекрасно“, гласи изјавата на Хикмет за турските медиуми.
Како и во многу други земји, неконтролираното сечење на шумите е проблеми во Турција. Во споредба со 2000 година, во земјата е забележано намалување на шумските површини за 5,4%.
Па, дефинитивно се потребни многу повеќе амбициозни проекти како овој на Хикмет, и тоа не само во Турција.
Спирова С. | Црнобело