„Ова е непочитување“ - Младоженец во фармерки покрај дотераната невеста стана мета на онлајн критики
- Детали
- четврток, 10 февруари 2022
Видеото од венчавка што го сподели Вајолет Прајс од Англија на социјалните мрежи стана хит преку ноќ поради стајлингот на младоженецот – на неговиот важен ден, тој се појавил во фармерки и маичка на кратки ракави.
Вајолет Прајс од Англија сподели видео на ТикТок во кое има неколку фотки од венчавката на нејзината најдобра пријателка. Благодарение на стајлингот на младоженецот, видеото досега има над 1,5 милиони прегледи.
Додека невестата носи прекрасна венчаница и вистински се потрудила за изгледот, нејзиното момче се појавило на свадбата во најлежерната комбинација – фармерки, црна маичка и патики.
Според видеото, невестата Кетрин пред само неколку месеци тврдела дека никогаш нема да се вљуби. Но, набрзо потоа го сретнала својот избраник и се венчале.
Сепак, и покрај интересната љубовна приказна, стајлингот на младоженецот привлече најмногу внимание.
@violetprice16x Well she’s definitely fell in love this summer ?♥️ @catherinenicholson21 ♬ deja vu - Olivia Rodrigo
Нормално, корисниците на ТикТок не се воздржуваа со критиките и шегите на негова сметка и речиси и да нема коментар што го поддржува:
„Знаеше ли дека ќе оди на неговата свадба?“
„Венчавка во 5 часот, пијачки со пријателите во 6“.
„Замисли да вложиш толку труд во својот изглед, за на крај вереникот да се појави со таква комбинација“.
„Неговата облека покажува дека не е сериозен“.
„Изненаден сум што не си ставил и слушалки“.
„Ова е предупредувачки знак за тоа колку труд ќе вложи во бракот. Ова е непочитување, а девојката го прифатила тоа. Тажно…“
„Невестата не ми изгледа воопшто среќна“.
Откако видеото стана вирално, се огласи и пријателката што го објави:
„Ве молам престанете – таа се венча и е многу среќна. Не ѝ беше воопшто грижа како беше облечено момчето. Се венчаа и тоа е најважното“.
Што мислите вие за овој потег на младоженецот?
Спирова С. | Црнобело