„Ме нарекуваа одвратна“- Девојка од Англија со суров приказ како навистина изгледа депресијата (видео)

Ешли од Англија има депресија и анксиозност поради кои целосно ја запоставила хигиената во домот. Сега таа се чувствува многу подобро и конечно успеела да почне со средувањето на домот, а целото искуство го споделува на ТикТок.

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video01.jpg

Ешли Вард од Англија има 23 години и страда од депресија и анксиозност. Поради проблемите со менталното здравје, Ешли запоставила многу работи во нејзиниот живот, вклучувајќи го и средувањето на домот.

Сега Ешли конечно се чувствува подобро, но сакајќи да покаже како може да изгледа депресијата, решила да сподели како изгледал нејзиниот дом во миговите кога го допрела дното.

Депресијата може да ја „убие“ мотивацијата за буквално сè, неретко и работите што се неопходни, како чистење на домот, па дури и јадење. 

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-07.jpg

Ешли целосно престанала да го средува домот. Со текот на времето, хаосот се зголемувал и набрзо немало ниту едно делче од нејзиниот дом што е среден.

Откако почнала да ѝ се подобрува состојбата со менталното здравје, Ешли конечно собрала сила да почне со чистење, а целиот процес го споделува на ТикТок.

Со помош на нејзиното момче Бен, Ешли направила генералка во неколку простории од нејзината куќа. Како што вели самата, веќе не сака да живее во дом каде што нема место да се сврти и дом каде што насекаде има остатоци од храна.

@ashleighsnewlifejourney Scared to post but let's do this ?❤ Like and follow to see my change my life ? #ashleighsnewlifejourney #proudtobeme #cleantok #depressionanxiety #triggerwarning ♬ original sound - Ashleigh

Ситуацијата на Ешли е одличен показател за тоа колку штета можат да нанесат проблемите со менталното здравје како депресијата. Па, нејзините видеа наидоа на огромна поддршка и повеќето корисници ѝ честитаат што успеала да го надмине сериозниот проблем.

„Одлично ти оди и ти си вистинска инспирација. Ти благодарам што го сподели ова. И твојот партнер е прекрасна личност што ти помага“.

„Најтешко е да го направиш првиот чекор, а ти веќе го направи. Горд сум на тебе“.

@ashleighsnewlifejourney Cleaning can be so daunting sometimes, but I'm so grateful to all of you who help me through these tasks with your kind comments!!! You're all so great!!! #cleantok #fyp #youcandothis #roommakeover #thisgirlcan #beforeandafter #GradeUpWithGrammarly ♬ Summer day - TimTaj

Ешли вели дека профилот на ТикТок ѝ помагал во деновите кога се чувствува лошо:

„Почнав да објавувам видеа на ТикТок бидејќи долго време се чувствува многу осамено. Сфатив дека сакам да почнам со средување на домот.

Јануари секогаш ми е тежок месец и знаев дека повторно ќе го допрам дното, па требаше да направам нешто во врска со тоа.

На почетокот не знаев од каде да почнам со домот, а поради ова дополнително го одолговлекував чистењето. Но, некогаш е доволно да имате само еден ден кога се чувствувате подобро за да почнете да си го менувате животот“.

@ashleighsnewlifejourney Part 3 Kitchen Clean! Thank you all for all of your support ❤ Remember, you are not alone! We've got this ? ❤ #ashleighsnewlifejourney #foryoupage #fyp #mentalhealth #fightyourdemons #thisgirlcan #cleaningtiktok #cleantok #cleaning #youcandothis #beforeandafter ♬ Happy / Video CM / Ukulele ♬ Cooking / Family(897363) - ImoKenpi-Dou

Ешли открива дека иако ја имала помошта од партнерот, таа сè уште има депресија и имало мигови кога чистењето ѝ се чинело како невозможен предизвик.

„Кога се чувствувам многу лошо, навистина е тешко да направам што било“.

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-06.jpg

Штом Ешли го објавила првото видео од акцијата за чистење на домот, на нејзино големо изненадување, голем број пријатели стапиле во контакт со неа нудејќи ја нивната помош.

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-08.jpg

Нормално, некои корисници ја критикуваат Ешли изјавувајќи дека таа само ги користи проблемите со ментално здравје како изговор. Но, како што истакнуваат луѓе кои поминале низ истото, депресијата навистина може да ве доведе до оваа положба.

„Добив и многу негативни пораки. Ме нарекуваа одвратна, па дури и дека се надевале дека никогаш нема да имам дете. Сепак, многу побројни се позитивните коментари“.

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-02.jpg

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-05.jpg

Ешли вели и дека време е да почнеме да бидете поотворени за проблемите со менталното здравје, но и да бидеме подобри едни кон други.

„Светот е во навистина токсична состојба. Сметам дека е многу важно да им покажеме добрина на луѓето со проблеми со менталното здравје“.

valkani-sadovi-ostatoci-od-hrana-rasfrlana-obleka-devojka-od-anglija-pokazhuva-kako-navistina-izgleda-depresijata-video-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селото на Дедо Мраз во Рованиеми е вистинска зимска бајка: Ирваси, снешко од 3m и празнични желби Санки со ирваси, снешко од 3 метри, Дедо Мраз кому можете да му ги кажете своите...
Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg