Дечко од Сингапур со хит оглас: „Изнајмете ме да ви бидам партнер – да не ве прашуваат зошто сте сингл“
- Детали
- вторник, 01 февруари 2022
Момче стана хит на социјалните мрежи со сопствениот шеговит оглас за Кинеска Нова година. Тој им нуди помош на девојките што се сингл, а сакаат да го избегнат испрашувањето од најблиските за тоа кога планираат да најдат некого.
Од 1-ви февруари, годинава се слави Кинеската Нова година, а ова младо момче на ТикТок на шега стави оглас дека се изнајмува себеси како партнер на непознати луѓе кои сакаат да го избегнат незгодното прашање од најблиските „зошто си сингл“?
Младото момче од Сингапур, Вејн Чиа (21) објави оглас во кој тврди дека за цена од 50 сингапурски долари (околу 33 евра) по час тој ќе ги вози наоколу, ќе игра покер или махјонг со роднините, ќе ви лупи ракчиња за да не си ги извалкате прстите и слично, само за да изгледа како да им е партнер на девојките.
Тој е подготвен да глуми нечиј дечко за да помогне девојките да го избегнат прашањето „зошто си сингл?“, од кое речиси никој млад слободен човек не може да побегне за време на семејните собири.
Неговата понуда привлекла внимание кај многумина, па самиот вели дека следниот ден откако го објавил видеото имало голем број луѓе што му пишале дека се заинтересирани за неговите услуги, а дел се обиделе да го закажат за следната година.
Сепак, тој не прифатил ниту една од понудите, затоа што, како што вели, не сака да се „продава“ себеси, но се надева дека со видеото успеал да насмее многумина.
Кинеската Нова година почнува на 1-ви февруари, а ќе се слави 15 дена.
Погледнете го огласот на Вејн што стана вистински хит:
@_wayneee_ im srs #fyp #tiktoksg #cny ♬ Polaroid Love - ENHYPEN
Б. С. Б. | Црнобело