Емотивна приказна: Сопругот ѝ бил најголема поддршка додека се борела со ракот, сега го чекаат првото дете

„Знам дека ова нема да трае вечно. Пред нас се поубави денови“ – велеше Доминик Валентајн која со поддршка од сопругот се избори со ракот на дојката. Сега, 2 години подоцна парот го очекува своето прво дете, а нивното емотивно видео ги стопи срцата на многумина.

emotivna-prikazna-shto-go-osvoi-svetot-soprugot-i-bil-najgolema-poddrshka-dodeka-se-borela-so-rakot-sega-go-chekaat-prvoto-dete-01.jpg

Доминик Валентајн од Њу Џерси (САД) во 2019-та година, на возраст од само 27 години за првпат почувствувала јазол на градите по што ѝ бил дијагностициран рак на дојка.

emotivna-prikazna-shto-go-osvoi-svetot-soprugot-i-bil-najgolema-poddrshka-dodeka-se-borela-so-rakot-sega-go-chekaat-02.jpg

Со безрезервната поддршка на нејзиниот сопруг Маркус, Доминик успеала да ја победи злокобната болест и да помине 16 циклуси хемотерапија и операција за двојна мастектомија (отстранување на градите).

Маркус и Доминик за време на нивната борба со ракот на дојка во неколку наврати давале изјави за локалните медиуми и ја споделувале сопствената приказна:

„Тоа што бев тука да ја поддржам беше најубавиот и најдобриот благослов, затоа што многу луѓе го немаат тоа“ – рече сопругот.

View this post on Instagram

A post shared by Diamonique Valentine (@the_victorious_valentines)

Додека Доминик сè уште се борела со ракот светот беше зафатен од светската пандемија со ковид поради што таа подолг период морала да биде сама во изолација, а нејзиниот сопруг не можел да оди со неа на хемотерапија.

На последниот ден од нејзината терапија, во април 2020-тата година, кога таа не можела да излезе и да прослави заради изолацијата, за да ѝ го подобри расположението, Маркус организирал парада со 25 автомобили во која биле сите нејзини блиски роднини и пријатели кои ѝ мавтале и ѝ дале поддршка за да издржи во борбата.

Кога говореше за тоа што е она што ѝ дава сила да издржи и да се бори понатаму со злокобната болест, Доминик велеше:

„Тоа што знам дека ова нема да трае вечно. Тоа што знам дека ова не е крај и дека пред нас се поубави денови“.

Сега, две години подоцна Доминик и Маркус редовно споделуваат фотографии на нивниот Инстаграм профил каде имаат 113 илјади следбеници, а веќе го очекуваат и своето прво дете.

Видеото што тие го споделија во кое се гледа како заедно успеале да се изборат со злокобната болест и ги дочекаа среќните денови вирално се споделува на социјалните мрежи.

Погледнете го видеото:

Погледнете повеќе фотографии од Доминик и Маркус:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Свекорот ми се додворува кога сопругот не е дома – Што да правам?“ Како би реагирале вие кога би се нашле во ваква ситуација? Млада жена споделува ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg