Херој од реалноста: Рибар го изгубил својот дом во поплава, но спасил 121 семејство – работел 37 часа
- Детали
- четврток, 20 јануари 2022
„Овој човек е вистински херој“ – коментираат луѓето на социјалните мрежи откако ја проследија приказната за рибарот Жен кој 37 часа со импровизиран сплав спасувал луѓе, додека неговиот град во Бразил бил зафатен со поплава.
Поголем број бразилски градови во областа Бахиа, за време на божиќните празници беа зафатени со поплави, а на социјалните мрежи вирално се шири приказната за човекот херој кој со импровизиран сплав успеал да спаси 121 семејство.
Рибарот Жен Пауло во трагедијата го загубил сопствениот дом, но тој и неговиот брат поминале 37 часа во водата длабока над 3 метри обидувајќи се да спасат колку што можат повеќе семејства.
Приказната за овој херој се најде и на социјалните мрежи, каде голем број луѓе дадоа позитивни коментари за неговата храброст.
(Brazil): Fisherman Jean & his brother spent Christmas Eve in Itabuna Bahía, using the only thing he had left–his raft— to save 121 families. The hero who lost his own home to flooding, worked nonstop for 37 hrs moving around in 10 ft deep water to help as many people as possible pic.twitter.com/aSUvZIaUXY
-->-->— GoodNewsCorrespondent (@GoodNewsCorres1) January 18, 2022
Дел од коментарите:
„Труд вреден 121 благодарно семејство. Храброст и сочувство. Тоа е човештвото во најдобро светло. Браво за Жен и за неговиот брат. Тие се вистински херои“.
„А мене ми е проблем да работам во канцеларија, ако не сум отспал над седум часа. Немам зборови за човеков“.
„Му се поклонувам. Ова значи да бидеш херој“.
Инаку, како што пренесуваат бразилските медиуми, рибарот Жен живее во градот Итабуна во Бразил заедно со неговата сопруга и 5-годишниот син, а во поплавата го загубиле семејниот дом.
Сепак, тоа не го спречило да посегне по единственото нешто што му останало, неговиот импровизиран сплав и да им помогне на останатите луѓе што биле затекнати во поплавите.
Откако го однел сопственото семејство на безбедно, тој и неговиот брат 85 пати се враќале во градот и трагале по преживеани. На овој начин успеале да спасат дури 121 семејство.
Голем број луѓе од светот се обединуваат и собираат средства за да му помогнат на човекот херој кој несебично помагал за време на поплавите.
Сите сакаат да му помогнат повторно да го изгради домот што го загубил во трагедијата.
Б. С. Б. | Црнобело