Брижит Макрон за теориите дека е родена како момче: „Со години ме малтретираат - поминав денови бришејќи лаги на интернет“
- Детали
- петок, 14 јануари 2022
„Со години ме малтретираат, за да докажат дека сум трансродова личност ми го променија и семејното стебло“ - првата дама на Франција Брижит Макрон за првпат јавно проговори за теориите на заговори што вирално се проширија на социјалните мрежи.
Брижит Макрон (68) гостуваше во радио емисија на RTL France, каде говореше за повеќе теми, меѓу кои и за информациите што вирално се проширија на Твитер, а според кои се тврдеше дека таа била родена како момче.
„Прво следев од далеку, слушав што говорат пред да сфатам дека тие во целост го променија моето семејно стебло...
И наеднаш јас станав мојот брат. И ова е за генеологијата на моите родители и навистина е неприфатливо“ – вели таа.
Првата дама на Франција продолжи понатаму и кажа дека во изминатите четири години постојано била вознемирувана со тврдења дека била родена како момче и дека одлучила да поднесе тужби против оние што ги шират таквите лаги.
„Ако не направам ништо, додека 4 години се борев против малтретирањата, тогаш мојот глас нема да се слушне и ќе ми кажат дека не правам ништо.
Мене и на мојот адвокат ни беа потребни 5 и пол денови за да ги избришеме овие информации“ – вели таа.
Инаку за потсетување, првата дама на Франција минатиот месец беше во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи теоретичарите на заговори ја проширија веста дека таа е трансродова личност.
Под хаштагот #JeanMichelTrogneux на социјалните мрежи масовно се споделуваше веста дека таа била родена како момче.
Прочитајте и „Жените не седнуваат така“ – Вирално се шири теорија на заговор дека Брижит Макрон е родена како момче
Б. С. Б. | Црнобело