Спасувачи на плажа секој ден носеле 95-годишна жена на раце до нејзината лежалка додека била на одмор

Кога 95-годишната Доти сфатила дека не може да оди на плажа бидејќи се движи со инвалидска количка, тамошните спасувачи веднаш ја понудиле својата помош и секој ден додека траел нејзиниот одмор, на раце ја носеле до лежалките.

spasuvachi-na-plazha-sekoj-den-nosele-95-godishna-zhena-na-race-do-nejzinata-lezhalka-dodeka-bila-na-odmor-foto-01.jpg

Спасувачи на плажа во Алабама, САД, вистински се потрудиле да ѝ го разубават одморот на 95-годишна жена, и тоа само поради нивната добрина.

Во октомври минатата година, 95-годишната Доти Шнајдер била на одмор во Алабама заедно со нејзината ќерка. Но, веднаш сфатиле дека Доти нема да може да оди на плажа.

Доти не може да оди, па користи инвалидска количка, а на плажата немало никакви платформи по кои би можела да ја вози.

Додека Доти и нејзината ќерка Кејт стоеле пред плажата и размислувале што да прават, ги здогледал еден од спасувачите и веднаш им понудил помош.

spasuvachi-na-plazha-sekoj-den-nosele-95-godishna-zhena-na-race-do-nejzinata-lezhalka-dodeka-bila-na-odmor-foto-02.jpg

Прво момчето ја извозело Доти со неговото возило за патролирање на плажата, а кога стигнале до брегот, ја кренал и ѝ помогнал да седне на нејзината лежалка.

По краткиот разговор со Доти и ќерка ѝ, момчето сфатило дека жените ќе бидат таму цела недела. Па, без двоумење, тој им го дал бројот од канцеларијата на спасувачите и им рекол слободно да се јават ако сакаат да одат на плажа и им треба помош.

spasuvachi-na-plazha-sekoj-den-nosele-95-godishna-zhena-na-race-do-nejzinata-lezhalka-dodeka-bila-na-odmor-foto-04.jpg

Следниот ден, Доти и ќерка ѝ повторно отишле на плажа и откако се јавиле, навистина добиле помош од спасувачите.

„Засекогаш ќе им бидеме должни на овие момци. Тие направија мајка ми да се чувствува посебно. Воопшто не се однесуваа како да им е товар. Беше волшебно, поубаво отколку во Дизниленд. Тие се однесуваа прекрасно со мајка ми и вистински се грижеа за неа“, вели ќерката за целото искуство.

03аspasuvachi-na-plazha-sekoj-den-nosele-95-godishna-zhena-na-race-do-nejzinata-lezhalka-dodeka-bila-na-odmor-foto-03.jpg

Спасувачите направиле и неколку фотки со нивната нова пријателка и ги споделиле на официјалниот Фејсбук профил на компанијата за којашто работат.

„Спасувачите се слуги на јавноста и не можеме да бидеме посреќни што ја нудиме оваа услуга. Госпоѓа Доти Шнајдер неодамна нè посети на 95-годишна возраст и се надеваше дека ќе ужива на плажата, но не можеше сама да оди низ песокот.

Секој ден, цела недела, нашите спасувачи се сретнуваа со Доти и ѝ помагаа да стигне до лежалките на плажата, а потоа ја враќаа назад. Нејзиното семејство ни се заблагодари на крајот од неделата со фрижидер полн храна“, стои во описот.

Навистина прекрасен гест кој сигурно ѝ значел многу на Доти.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg