„Сопругот вели дека е во ред да не работам - не ме ограничува со пари, а имам и помошничка“
- Детали
- недела, 16 јануари 2022
„Уживај додека не те оставил“ – коментираат дел од следбениците на младата Американка која одлучи да се пофали како нејзиниот сопруг ѝ дозволува да не работи ништо, да троши колку сака пари, а за домашните обврски има помошничка.
Американката Брижит Харт редовно објавува забавни видеа на Тик Ток, а во едно откри како добила вистински „џек-пот“ при изборот на партнер.
Оваа мајка на две деца во едно видео појасни колку е среќна со тоа што го нашла вистинскиот партнер и како сфатила дека добила вистинска премија.
„Кога ќе сфатиш дека си се омажила за најдобриот пријател што ти дозволува да седиш дома.
Дека немаш определен буџет за трошење, а сопругот вработува помошничка кога ќе увиди дека не си добра со домашните обврски.
А тој сè уште сака да има секс со тебе секој ден дури и кога изгледаш како да не си се истуширала цела недела“ – напиша таа на видеото.
@bridgettehartt I mean, i feel like i hit the jack pot. #marriage #marriedlife #marriedcouple #marriedlifebelike #marriedlifehumor #wifelife #housewife #stayathomemom ♬ sound ni grace - BENGBENGMARCOS
Брижит и нејзиниот сопруг се заедно 10 години, а 6 години се во брак и велат дека се мошне среќни заедно, но дел од нејзините следбеници во коментари ја обвинија дека таа воопшто не е пристојна и дека е незрела личност.
„Без пристојност и незрела. Боже, ќерка ми да објавуваше вакво видео ќе бев засрамена. Ти не си жена туку мало девојче, а твојот сопруг треба да се срами“ – стои во еден од коментарите.
„Сè додека не те остави и нема да можеш да направиш ништо за себеси и нема да знаеш како. Искористи го времето да си собереш пари, сестро“ – стои во друг.
На ова Брижит одговори дека нејзиниот сопруг нема никогаш да ја остави, а што се однесува до парите, таа вели дека заработува доволно на социјалните мрежи.
Таа исто така објави и уште едно видео, на кое напиша: „Не кажав дека сум пристојна… Само реков дека го живеам сонот…“
Инаку, Брижит редовно објавува семејни фотографии на Инстаграм, погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело