На 5 години вежбал со тегови и срушил 2 рекорди – како изгледа денес „најсилното дете на светот“? (фото)
- Детали
- среда, 05 јануари 2022
Џулијано Стро, кој на 5-годишна возраст влезе во Гинисовата книга на рекорди и остана запомнет како „најсилното дете во светот“, денес има 17 години и изгледа многу поразлично.
На само 5-годишна возраст, Џулијано Стро влезе во Гинисовата книга на рекорди за најмногу направени склекови додека стои на раце. Поради ова, Џулијано си го доби прекарот „најсилното момче во светот“.
Неодамна Џулијано наполни 17 години и иако сè уште вежба, неговите тренинзи не се напорни како порано, па сега изгледа многу поразлично.
Џулијано потекнува од Романија и стана глобална сензација кога го сруши неговиот прв рекорд – најбрзо одење на раце. Тогаш немаше ни 5 години.
https://www.youtube.com/watch?v=ays7YLi1pxs
Набрзо потоа, на 5-годишна возраст, Џулијано го собори и неговиот втор, поимпресивен рекорд – најмногу склекови додека стои на раце – што го направи уште попопуларен.
Сега Џулијано повторно го привлече вниманието на јавноста, откако на неговиот Фејсбук профил сподели фотка на која држи фотографија од периодот кога беше познат како најсилното дете во светот.
Од коментарите е јасно дека Џулијано има бројни фанови кои го следат неговиот напредок уште од пред повеќе од една деценија.
„Неверојатен и тогаш и сега“.
„Горд сум на тебе“.
„Сè уште си најдобар, колку си пораснал!“
„Те следам уште откако беше детенце“.
До 9-годишна возраст, Џулијано има срушено бројни рекорди кои, за жал, не се официјални. Но, ова не ги прави неговите подвизи помалку импресивни.
Тој и неговиот брат Клаудио почнале да вежбаат со нивниот татко кој е фитнес фанатик и кој им помага со тренинзите и денес.
Постариот брат Клаудио бил првиот кој почнал со вежбање. Тогаш Џулијано имал само 18 месеци, но почнал да го копира постарото братче, па постепено и тој почнал со тренинзи.
Нивниот татко порано бил боксер, а откако завршил со таа кариера решил да ги направи неговите деца познати. Поради ова, тие секое утро вежбале по два часа.
Сепак, нештата не оделе по план – поради финансиските проблеми, татко им морал да најде нова работа и немал време за тренинзи.
Истовремено, тој се соочувал со бројни критики од јавноста поради возраста на неговите деца и потенцијалните проблеми што би можеле да настанат поради напорните тренинзи.
„Критичарите ми велат дека моите синови нема да се развијат правилно, но нема никаков доказ за тоа. Напорната работа и вежбањето се секогаш добри. Дури и цветот ќе порасне ако ставите нешто врз него. Тоа е природно“, изјави тогаш тој во врска со критиките.
Според неговата сопруга, пак, тој воопшто не ги присилувал децата да вежбаат.
„Нашите синови имаат дарба. Ништо не е со сила“.
Сега Џулијано, неговиот брат и неговиот татко се обидуваат да отворат приватен клуб за кик-бокс и се подготвуваат за натпревар на Националното европско првенство.
Спирова С. | Црнобело