Не може да купите имот и уште 10 чудни забрани во Северна Кореја
- Детали
- петок, 24 декември 2021
Не можете да носите сини фармерки. Не можете да се јавите во странство од локална СИМ картичка.
Северна Кореја е уникатна земја со свои правила, забрани и пропишани начини на однесување.
Најчудните забрани во Северна Кореја:
Не можете да носите сини фармерки
Сините фармерки поради тоа што се носат во целиот свет наводно се симбол на светскиот империјализам, па локалците треба да носат фармерки во друга боја.
На туристите им е дозволено да носат, освен при посетата на некои од нивните најзначајни знаменитости.
Имаат локален оперативен систем и немаат пристап до веб порталите од другите земји
Туристите не смеат да ја користат локалната валута, тие може да плаќаат во евра, долари или други валути
Не можете да купите имот
Официјално имотите не се продажба, туку државата ги распоредува. Да се доселите од село во главниот град е привилегија кој ретко кој ја има. Сепак на „црно“ може да се купи.
Речиси невозможно е да купите автомобил
За да поседувате автомобил мора да сте многу богата и влијателна личност. Цените се превисоки и затоа многу локалци се движат со велосипед.
Не постои начин да купите религиозна литература
Ниту една религија не е забранета, но сепак сето тоа будно го следи власта.