Приказната за убавата Италијанка на која дечкото ѝ фрли киселина во лице
- Детали
- петок, 24 декември 2021
Џесика Нотаро во 2017 година ја нападнал со киселина дечкото кој го оставила, осуден е на 15 години затвор, а таа по 9-10 операции на лицето пронајде духовен мир, но и нова љубов – 4 години помлад шампион во јавање на коњи. Инспирација е за сите жени ширум светот!
Џесика Нотаро (32) од Италија беше модел и мисица уште од 17-годишна возраст, а сега, по ужасното искуство – напад со киселина врз неа, е активистка за поткренување на свеста за насилството врз жените.
„Кратко пред нападот бев демнета 8 месеци. Психолошки не бев добро, не се гледав себеси добро. Си се допаѓам сама на себе повеќе денес“, вели Џесика Нотаро која поранешното момче Едсон Таварес ја нападна со киселина во 2017 година, откако таа решила да ѝ стави крај на нивната врска.
Во 2020 година тој беше осуден на 15 години затвор за нападот пред нејзиниот дом.
Таверс по разделбата станал агресивен, ја следел секаде, ѝ се заканувал дека ќе се самоубие за да манипулира со неа.
На прашањето што можеше да направи поинаку по месеците демнење од поранешното момче во кои институциите не направиле ништо за да ја заштитат таа вели: „Требаше да заминам, да исчезнам. Да се спакувам од денес за утре, да ја земам мајка ми со мене и да не кажам на никој каде сум, да се тргнев настрана барем неколку месеци.“
Но, од нападот во 2017 година нејзиниот живот се промени и времето го минуваше во болници и судови. Нејзиното лице стана симбол за насилството врз жените, таа беше инспирација за сите жени низ светот кои се соочиле со истото.
Таа вели дека дури не се ни сеќава колку операции имала во текот на годините, најверојатно 9 или 10.
Откако ѝ се затворија раните по последната операција Џесика напиша дека ова е одново раѓање за неа и дека е среќна што повторно ќе може да нанесува шминка.
„Толку многу страдање, но вредеше“, вели таа.
Лузните на нејзиното лице по многу пластични операции денес се многу помалку видливи, но на едното око го има изгубено видот.
Сепак, вели дека денес ѝ се допаѓа тоа што го гледа во огледало, затоа што е поубава однатре, посмирена.
Џесика вели дека токсичните врски и насилството можат да ѝ се случат на секоја жена, дури и на оние најсилните како неа и дека таа се освестила дури кога кон крајот на врската кога тој ја побарал за жена, а таа сфатила не сакала да биде така несрќена до крајот на животот.
Џесика сега е среќно вљубена. Свршена е со 4 години помладиот Филипо Болоњи, шампион во јавање на коњи, за кој вели дека ја прави среќна и ѝ дава чувство на сигурност. Ги спoила љубовта кон коњите.
На тема што научила од нападот:
„Научив да живеам овде и сега. Не правам планови за иднината, уживам во моментот и во сегашноста“.
Повеќе фотографии од Џесика:
https://www.instagram.com/p/CXjmJR_s_HF/