Напуштено бебе во Индија било спасено, откако кученца го топлеле цела ноќ
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
Во студена декемвриска ноќ кученца грееле напуштено бебе и му помогнале да преживее. Кучињата навистина се најдобри пријатели на луѓето, зарем не?
Напуштено бебе во Индија без облека во декемвриска ноќ, успеало да преживее, благодарение на кученцата што го топлеле.
Според локалците бебето има среќа што преживеало и тоа само благодарение на кученцата и нивната мајка.
Локалците за индиските медиуми изјавиле:
„Можно е топлината на малите кученца и нивната мајка да го одржале новороденчето живо. Температурата паѓа навечер и ова е вистинско чудо.“
Бебето било забележано од луѓето во селото кои живееле во близина на местото на настанот, дури утрината кога го слушнале како плаче.
Тие велат дека веднаш ги фатило паника и се јавиле да побараат помош.
Станувало збор за девојче кое веднаш било одведено во болница.
С. С. | Црнобело