„Млади мажи постојано ме канат на состанок“: Младолика мајка (44) изгледа како да е на иста возраст со ќерка ѝ (21)
- Детали
- четврток, 16 декември 2021
Џолин од Калифорнија има 44 години, но благодарение на здравиот начин на живот, изгледа како да е врсничка со нејзината 21-годишна ќерка.
Џолин Диаз од Калифорнија има 44 години и е мајка на 21-годишна девојка, но тешко дека ќе поверувате во ова кога ќе погледнете како изгледа.
Џолин изгледа како да е на иста возраст со ќерка ѝ – во топ-форма е, на лицето нема ниту една брчка, а лежерниот стил на облекување дополнително ја подмладува.
Младоликата мајка има Инстаграм профил со над половина милион следбеници, а вели дека редовно добива пораки од многу млади момчиња.
„Добивам многу пораки од млади мажи на социјалните мрежи. Повеќето се многу учтиви и обично ми даваат комплименти за здравиот начин на живот.
Некогаш ме канат на состанок, можеби на вечера или на прошетка, но знам дека ова е повеќе од љубопитност, отколку намера да бидат со мене“.
На Инстаграм профилот на Џолин пишува дека таа има 44 години, па вели дека ѝ е јасно зошто луѓето се љубопитни.
„Кога помлади мажи ме канат на состанок навистина сум поласкана. Мислам дека треба храброст за тоа“.
Сепак, иако комплиментите ѝ годат, Џолин не е заинтересирана за љубовни авантури.
„Разликата од неколку години не ми пречи многу, но повеќе сакам да најдам партнер со кој ќе созреам и ќе станам подобра личност.
Истовремено, не ни помислувам да излезам со маж кој е доволно млад за да ѝ биде пријател на ќерка ми“.
Џолин и ќерка ѝ Меилани се најдобри пријателки, а ако и двете имаат момчиња, редовно одат и на двојни состаноци.
„Кога и двете сме во врска, често одиме на куглање, на кино, на плажа со нашите партнери. Одамна не сме отишле на двоен состанок, но дефинитивно сме многу блиски.
Меилани постојано ми бара совети за љубовниот живот, а јас сум пресреќна што ми верува. Радосна сум што моето искуство може да ѝ помогне“.
Кога станува збор за младоликиот изглед, Џолин смета дека најзаслужен е здравиот начин на живот – редовно вежбање и здрава исхрана.
Џолин всушност потекнува од Гуам, остров во Тихи Океан кој е територија на САД. Се преселила во Калифорнија откако се разделила од таткото на Меилани пред околу 14 години.
Моментално работи како учителка, а на својот Инстаграм профил често споделува видеа од нејзините рутини за вежбање.