Вилијам и Кејт со нова семејна фотографија за Божиќ – децата ја посетија земјата каде растела нивната мајка
- Детали
- петок, 10 декември 2021
Трите деца на Вилијам и Кејт ја посетија земјата каде што живеела нивната мајка кога била дете, а семејниот портрет ќе се најде на овогодишната божиќна честитка.
Војвотката Кетрин (39) и принцот Вилијам (39) на социјалните мрежи го споделија новиот семеен портрет што ќе се најде на божиќната честитка од кралското семејство.
Принцот Џорџ (8), принцезата Шарлот (6) и принцот Луи (3) на најновата фотографија што била направена за време на семејното патување во Јордан се мошне пораснати.
„Чест ни е да споделиме нов семеен портрет, што годинава ќе биде застапен на божиќните честитки“ – стои во описот до фотографијата на социјалните мрежи.
Јордан е мошне значајна земја за Кејт, затоа што таа таму живеела две години додека била дете, во периодот кога татко ѝ работел во British Airways.
Исто така и Вилијам имал можност да ја посети земјата во 2018-та година како дел од неговата посета на Средниот Исток.
Б. С. Б. | Црнобело