10-годишно девојче со сопствен бизнис – заработило 120.000 евра во еден месец, има и Мерцедес

За успесите во бизнисот мајка ѝ ѝ купила автомобил вреден 165.000 евра, а ако продолжи со ова темпо, на 15 години ќе може да се пензионира. Како изгледа животот на 10-годишното бизнис-девојче што има сопствени брендови и заработува илјадници евра?

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-01.jpg

Поголемиот број деца на 10 години се опседнати со видеоигри и со училиште, но Пикси Куртис (10) од Австралија веќе има сопствен бизнис од кој заработила 120.000 евра во само еден месец.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-02.jpg

Пикси сè уште е во основно училиште, но заедно со нејзината мајка, познатата австралиска бизнис-жена Рокси Јаченко, таа започна сопствен бизнис за играчки Pixie’s Fidgets.

Бизнисот почна со работа во мај, а уште во првите 48 часа сите играчки биле распродадени. Во првиот месец од работењето компанијата остварила профит од 200.000 австралиски долари, односно над 120.000 евра.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-03.jpg

Мајката на Пикси, која важи за могул за јавни односи, вели дека доколку продолжи со вакво темпо, Пикси ќе може да се пензионира на 15 години.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-04.jpg

Но, ова не е единствениот бизнис на 10-годишното девојче. Нејзината мајка креирала бренд за аксесоари за коса со името на малото девојче уште додека таа била бебе што се нарекува Pixie’s Bows.

„Она што најмногу ме возбудува е тоа што таа на толку мала возраст поседува силен претприемачки дух. Јас никогаш не сум поседувала нешто такво и постојано требаше да ме учат што треба да направам за да успеам“.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-05.jpg

„На 14 години работев во McDonald`s затоа што тоа беше вообичаено во моето време“ – вели Рокси и додава дека иако таа ѝ овозможува на ќерката да го развива својот талент, сепак малото девојче гo има главниот збор кога станува збор за одлуките поврзани со нејзините бизниси.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-06.jpg

Инаку, Рокси важи за една од најуспешните бизнис-жени во Австралија. Таа од 2012-та година е во брак со таткото на Пикси, Оливер Куртис, со кого има уште едно дете, синот Хантер (6).

Тие живеат во палата вредна над 6 милиони долари во Сиднеј.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-07.jpg

Малата Пикси ужива во голем луксуз, па така за 10-тиот роденден освен луксузната роденденска забава, добила скапи дизајнерски апостолки и чанта.

Минатиот месец таа ја објави својата листа со подароци за Божиќ на која се најдоа нов мобилен телефон, како и крем против стареење.

Освен ова, по големиот број бизнис успеси, Пикси доби ист Мерцедес како мама вреден 165.000 евра.

biznis-devojche-na-10-godini-ima-sopstven-biznis-od-koj-zarabotila-nad-120-000-evra-vo-eden-mesec-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg