Тони отпад, скапи намирници: 18 факти за лошата страна на животот на Малдиви
- Детали
- среда, 01 декември 2021
-->
Малдиви е на прво место по бројот на разводи во светот, затоа што мажите може едноставно да ја кажат својата желба да стават крај на бракот пред сведоци, без воопшто да се појават во суд, и потоа се сметаат за слободни. Државата сака да ја промени оваа пракса, но тешко оди.
Малдиви е рај на Земјата за туриститите. Оваа земја ја посетуваат и многу Македонци.
-->
Совршени плажи, тиркизна боја на морето, корални гребени, палми.... Дефинитивно замисла за совршен одмор.
Но, како е да се живее таму? Со што ќе се соочите во овој тропски рај ако живеете цела година таму?
Факти за животот на Малдиви:
Малдиви од сите страни има вода, но водата за пиење вреди злато, затоа што на островите нема природен извор, за дневните потреби во домаќинствата и ресортите се дестилира вода, а за пиење се купува.
Некои основни продукти може да бидат вистинска реткост затоа што поголем дел од работите се увезени или некогаш ги има малку, па цените им се превисоки, може да биде проблем да обезбедите и наједноставно нешто како отворач за конзерви.
-->
-->
За тие што не сакаат риба и ориз, менито нема да им биде омилена работа – на Малдиви забранети се продукти кои содржат свинско месо, најевтино е да консумирате риба и локално овошје и зеленчук, увезените се многу скапи.
-->
Во домовите има проблем со мравки, лебарки и други инсекти – не смее да се остава храна на отворено бидејќи веднаш напаѓаат.
Изнајмување на куќа на Малдиви може да чини цело богатство, па за еднособен апартман во главниот град Мале да плаќате 880 евра.
-->
Мале е еден од најнаселените градови на светот, навистина е бучен, нешто постојано се гради, а трошоците за сметки се навистина високи на Малдиви.
Некои луѓе живеат на еден остров, а работат на друг, па со фериброд одат на работа, а наутро и попладне знае да биде навистина голема турканица.
До некои острови се оди само со авион и ова задоволство е скапо, а пилот е една од најпрестижните работи таму.
Времето не е секогаш совршено, па најдобар период за патување на Малдиви е од ноември до април – во другиот дел од годината може да има силни ветрови и дожд.
Уште 9 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ...
Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“
„По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,...
По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“
„Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“
По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам над 50 алергии на храна – соучениците во средно ми подметнуваа јатки за да видат што ќе ми се ...
„Првиот пат кога паднав во анафилактичен шок чувствував како грлото ми се затвор...