Со авион одела на шопинг, а сега живее под кирија – Која е Александра Толстој, бившата сопруга на „банкарот на Путин“?

Од шопинг со приватен авион – до возење во метро во Лондон. Вака изгледа промената со којашто грофицата Александра Толстој се соочува откако одлучи да го напушти сопругот милијардер кој некогаш беше еден од најблиските соработници на Путин.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-01.jpg

Животот на Александра Толстој помалку потсетува на животните приказни на некои од хероините во романите на нејзиниот далечен роднина Лав Николаевич Толстој. Од раскош и луксуз, до самохрана мајка во стан под кирија.

Грофицата Александра Толстој (47) е ќерка на грофот Николај Толстој и поранешна партнерка на рускиот милијардер Сергеј Пугачев (58), а на Инстаграм редовно споделува фотографии од нејзиниот нов живот.

View this post on Instagram

A post shared by ALEXANDRA TOLSTOY (@alexandratolstoy)

Неодамна, грофицата која потекнува од аристократско семејство во Русија, објави фотографија од јавниот превоз во Лондон до која напиша:

„Еден ден навистина ќе научам да возам“.

Грофицата сега полека се привикнува на животот на „обична“ жена и мајка. Таа беше избркана од нејзиниот дом во Лондон откако нејзиниот поранешен сопруг, кој беше познат како „банкарот на Путин“, го загуби правото на сопственост, а судиите во Москва утврдија дека палатата треба да им припадне на кредиторите во Русија.

Во борбата за егзистенција, Александра мораше да го даде на аукција целиот мебел, а денес живее под кирија во стан во Лондон, каде започна сопствен бизнис за внатрешно уредување.

Како што може да се види, новиот стан е далеку од луксузните јахти, приватните авиони, вилата во Сен Барт или замокот во Челзи, но сепак е дом.

Александра од врската со Пугачев има три деца: Аљоша, Иван и Марија, кои сега живеат со неа.

Во продолжение неколку интересни факти за Александра и Сергеј:

Сергеј Пугачев некогаш бил сопственик на две големи бродоградилишта, најголемиот рудник во светот, како и повеќе недвижни имоти во Москва и Санкт Петербург. Тој исто така е еден од основачите на Межпромбанк (Меѓународната индустриска банка) во Москва.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-03.jpg

Пугачев бил сметан за „банкарот на Путин“ и бил познат по тоа што бил во добри односи со рускиот претседател.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-15.jpg

Александра и Сергеј се запознале во 2008-ма година, кога таа требало да го подучува англиски јазик банкарот на Путин. Таа признава дека тие веднаш се вљубиле еден во друг.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-04.jpg

Една година по запознавањето Сергеј и Александра веќе имале едно дете, а таа била бремена со второто.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-05.jpg

Александра признава дека за време на бракот со Сергеј, тој само ѝ ја давал неговата кредитна картичка, а таа одела во шопинг каде што ќе посака, па понекогаш дури и со приватниот авион што постојано ѝ бил на располагање.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-06.jpeg

Тие живееле на нивните три имоти што се наоѓале на релација Лондон, Москва и Париз.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-07.jpg

Во 2011-та година Пугачев бил обвинет дека ја оштетил Руската Федерација за две милијарди долари, па во тој миг, бајката на руската грофица се претворила во пекол.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-08.jpg

По обвинението за нејзиниот сопруг на Александра ѝ биле ограничени неделните трошоци на 13.000 долари – а таа тврдела дека е невозможно да преживее со тој износ.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-09.jpg

Руските власти се обиделе да го уапсат Пугачев со помош на британските служби, поради што тој решил да побегне во Франција.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-10.jpg

Александра тогаш опишуваше дека нејзиниот поранешен сопруг се обидувал да ја присили да отпатува заедно со него, но по долгите години поминати во страв, одлучила да му се спротивстави и да остане со децата во Лондон.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-11.jpg

Откако биле избркани од палатата во Лондон, Александра и децата со месеци живееле со куфери кај пријатели.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-14.jpg

Сега Александра редовно споделува фотографии од едноставниот живот што го водат таа и нејзините три деца во Лондон.

so-avion-odela-na-shoping-a-sega-zhivee-pod-kirija-koja-e-aleksandra-tolstoj-bivshata-sopruga-na-bankarot-na-putin-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg