Вирално видео: 11-месечно девојче учи да борда иако уште не знае да оди

Јуџи од Кина има само 11 месеци, но тоа не ја спречува да борда како мал професионалец, а виралното видео објавено од нејзините родители го докажува тоа.

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-01.jpg

Ванг Јуџи од Кина има 11 месеци и уште учи да оди, но може да борда како професионалец.

Видеото од малата Јуџи направено деновиве стана вирално и нема личност која не е изненадена од вештините на ова девојче.

Според нејзините родители, кои се љубители на спортови како скијање и велосипедизам, ова е првпат Јуџи да се качи на сноуборд.

Тие живеат во Пекинг, а откако посакале да пробаат сноубординг, решиле да ѝ дадат шанса и на нивната ќеркичка.

„Бидејќи наскоро во Кина ќе се одржат Зимските Олимписки игри, се охрабривме да им дадеме шанса на зимските спортови. Неодамна научивме да бордаме, а ја зедовме и нашата ќерка со цел и таа да проба нешто ново“.

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-06.jpg

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-05.jpg

„Филозофијата на нашето семејство е да ги охрабруваме децата да ги пробуваат спортовите што ги сакаме и ние. Кога отидовме со сопругот да учиме сноубординг, зедовме мал сноуборд и за ќерката.

Прво сакавме да ѝ го дадеме кога ќе биде малку поголема, но веднаш ѝ се допадна. Прво го проба дома – воопшто не ѝ беше страв и навистина уживаше“, вели мајката на Јуџи.

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-03.jpg

Потоа тие ја однеле малата Јуџи и во скијачки центар што го посетуваат скоро секоја зима, а таа веднаш покажала дека е експерт за сноубординг.

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-04.jpg

На видеото родителите го влечат сноубордот на Јуџи, a таа без проблем одржува рамнотежа.

„Уште не може сама да се спушти бидејќи сè уште ѝ е тешко да контролира во која насока ќе се движи сноубордот. Но понекогаш се охрабрува и сама. Во одлична форма е и воопшто не се плашеше првиот пат. Без проблем стоеше стабилно додека се движеше“.

viralno-video-11-mesechno-devojche-koe-ushte-ne-znae-da-odi-vozi-snoubord-kako-profesionalec-02.jpg

Татко ѝ открива дека ова било и првпат Јуџи да види снег во нејзиниот живот.

„Многу е љубопитна за снегулките. Првпат виде снег оваа година – снегулките што исчезнуваат кога ќе паднат на нејзината рака се волшебни за неа“.

https://www.youtube.com/watch?v=g2SE8JtncoU

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg