Накитена новогодишната елка во Париз, која секоја година прва ги најавува празниците (фото)
- Детали
- среда, 17 ноември 2021
Веќе десетици години наназад, спектакуларното китење на новогодишната елка во париската галерија Lafayette го означува почетокот на празничната еуфорија низ светот.
Во галеријата во која се наоѓаат едни од најпрестижните модни брендови, оваа година новогодишната елка беше накитена на 17 ноември и тоа со култни играчки кои се тематски врзани за „1, 2, 3 Christmas.“
Покрај лудата авантура од меки играчки, виси и Дедо Мраз во вселенско одело, веднаш под куполата.
На секој половина час се гасат светлата и почнува звучна и светлосна претстава, а играчките „оживуваат.“
https://www.instagram.com/p/CWYf4woMLhL/
https://www.instagram.com/p/CWYfktHMtL2/
https://www.instagram.com/p/CWVPi_VrOXO/
https://www.instagram.com/p/CWTiV5MMEs-/
https://www.instagram.com/p/CWSth2usPeY/
https://www.instagram.com/p/CWRmPEzoKjl/
М. Д. | Црнобело