Девојка живее во најизолираниот град во Канада, најблискиот маркет ѝ е на 544km - како се снаоѓа?

Со ограничена видливост, по мраз и снег и без мрежа на телефонот, Шинед Медер патува два дена и поминува 544 километри до најблискиот супермаркет за да купи храна. Погледнете како изгледа нејзиниот живот...

devojka-koja-zhivee-vo-izoliran-grad-vo-kanada-vo-dva-dena-pominuva-544-km-do-najbliskiot-supermarket-video-01.jpg

Дали и вие во домот се расправате за тоа кому му е ред да оди во продавница? Помислете само на оваа жена и навистина ќе сфатите дека кревате врева без причина. Нашата петминутна прошетка до супер-маркетот е ништо во споредба со патот што оваа жена го поминува за да ги обезбеди најнеопходните продукти.

devojka-zhivee-vo-najizoliraniot-grad-vo-kanada-najbliskiot-market-i-e-na-544km-kako-se-snaogja-02 (1).jpg

Шинед работи како онлајн нутриционист и е доста активна на социјалните мрежи, а на ТикТок споделува видеа од тоа како ѝ изгледа животот во изолираниот град Бивер Крик во Канада, каде живее заедно со нејзиниот партнер.

Шинед на секои шест до осум недели патува по 544 километри за да стигне до најблискиот супермаркет. Како што појаснува во видеото, таа вози околу четири часа во еден правец, во тешки услови, по снег и мраз, а цело време нема мрежа на телефонот.

Како што вели, кога патува во зима, најчесто преноќува во главниот град каде што се наоѓа супермаркетот, па следниот ден тргнува дома.

„Видливоста на патот е ограничена дури и во добри временски услови. Може да се случи на патот да се појави животно или да ви се расипе автомобилот, или да не видите дека доаѓа друг автомобил, а немате мрежа на телефонот“ – појаснува таа во видеото.

@sineadmeader

##northernliving ##yukon ##questionsigetasked ##isolatedlife

♬ original sound - Sinead Meader

Јукон е најмала од трите области во Канада и се наоѓа во најзападниот дел. Бројот на жители во целата област изнесува околу 36.000. Главниот град на област е градот Вајтхорс, каде живее околу 75 отсто од населението.

Погледнете што вообичаено купува кога оди по храна:

@sineadmeader

##groceryshopping ##isolatedlife ##Yukon ##northern ##northernlife ##vegan ##nutrition

♬ Still Into You Drill - ShoBeatz

Шинед појаснува дека и во нејзиното гратче има мала продавница со бензинска пумпа, но изборот е многу мал, а цените се мошне високи. Во едно патување за храна Шинед троши околу 1.000 канадски долари, или околу 700 евра.

Погледнете како изгледа нејзиниот процес на облекување за секое излегување од домот:

@sineadmeader

##yukon ##northernliving ##nativetiktok ##aboutme ##followme ##November ##canada ##greatcanadiannorth ##lifebelowzero

♬ original sound - Sinead Meader

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg