Згодните австралиски пожарникари во жешки изданија за календарот за 2022-ра година (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 08 ноември 2021
За првпат годинава ќе биде достапен и календар во кој пожарникарите се во костими за капење, наместо во униформата, а направени се и видеа од фото-сесиите на пожарникарите.
Згодните австралиски пожарникари позираат полуголи во новиот жежок календар за 2022-ра година. Календарот од 1993-та година се издава секоја година и има хуманитарна цел – да им се помогне на животните.
Ова е 29-то по ред издание на календарот, а годинава ќе бидат достапни шест различни изданија со австралиските пожарникари.
Освен изданијата на кои пожарникарите се сами, ќе има изданија на кои тие се со животни, но и изданија во кои за првпат, згодните мажи ќе бидат фотографирани во костими за капење, наместо во нивната униформа.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите од календарите, но и видеа од тоа како изгледаа фото-сесиите додека се снимаа календарите.