Барселона, Париз - градови во Европа кои мирисаат неподносливо
- Детали
- петок, 31 декември 2021
Пареа, смрдливи дрвја, мирис на винарии или пиварници – поради овие работи и уште многу други (мирисливи) фактори, следните градови го добија епитетот „најсмрдливи во светот“.
Забележано е дека во минатото, луѓето на европскиот континент имале пониски стандарди за хигиена. Ова го потврдуваат и многу литературни дела за средновековна Европа.
Модерниот живот донекаде го промени тоа, но и денес има одредени места каде што ќе почувствувате смрдеа или чуден, непријатен мирис.
Ова се места во Европа со историја на непријатни мириси, но зошто го добиле епитетот „најсмрдлива градови“ во модерно време?
Барселона, Шпанија – пареа од фабриките што го „задушува“ воздухот
Репутацијата на Барселона како едно од најдобрите европски места за одлична храна и забава ја прави совршено место за истражување.
Сепак, оние кои престојуваат таму подолг временски период забележуваат голем број чудни мириси.
Фабриките од периодот кога градот бил индустриски центар и понатаму создаваат секакви непријатни миризби.
Дарувар, Хрватска – гинко дрвја што мирисаат на расипани јајца
Гинко дрвјата се неверојатен додаток на многу европски паркови и улици. Овие дрвја првично растеле во Кина пред стотици милиони години, а нивните жолти лисја лесно се забележуваат на километри.
А, додека не им се приближите, нема да ја почувствувате нивната „лоша“ страна.
Женските дрвја од видот гинко, или „Златни девојки“ како што понекогаш ги нарекуваат, се едни од најсмрдливите во светот. Кога им паѓаат лисјата и плодовите, создаваат смрдеа што често се споредува со расипани јајца или повраќаница.
Париз, Франција – смрдлива канализација покрај Сена
Париз има многу места каде што може да уживате во неверојатни мириси – пекари, винарии, парфимерии... Но, тоа не го менува фактот дека Париз е еден од најсмрдливите градови во светот.
Наводно, градот нашол начин како да заработува од непријатниот мирис кон крајот на 1880-тите. Имено, дел од системот за канализација бил отворен за тури и претворен во еден вид музеј.
Опишана како „одвратна, но интересна“, брзата прошетка низ темните премини на „Музејот на канализацијата“ сигурно би ве натерале да се упатите кон најблиската пекара.
Вила Нова де Гаја, Португалија – визби со алкохолна арома
Уживањето во мирисите што лебдат во воздухот на Вила Нова де Гаја целосно ќе зависи од вашиот вкус за алкохол.
Градот е познат по своите „пештери“ – визби во кои се чува виното од регионот. Направени се на 120 километри во долината Дуро.
Некои се осмелуваат да го поминат мостот за да помирисаат, други, пак, не се осудуваат. Жителите ја опишуваат атмосферата во воздухот како „силна, но слатка“.
Единбург, Шкотска – мирис на „стар зачаден“ квасец
Единбург има долга историја на борба против лошите мириси. Градот е нарекуван и Auld Reekie – „стар зачаден“, а проблемите со мирисот биле предизвикани од фрлање трупови во 17 век, па сè до борба со смогот.
Проблемот на оваа генерација? Силен мирис на алкохол од неговите пиварници.
Интересно е што во 2009 година, локалното население било збунето од предлозите со кои се барало од севернобританската дестилерија да постави „кула за контрола на мирисот“. Па, изгледа дека на жителите сепак многу им се допаѓа мирисот на квасец.
Венеција, Италија – канали полни со ѓубре во градот што тоне
Каналите на Венеција се карактеристичен дел од „градот што тоне“. За жал, тие функционираат и како градска канализација, што ги вознемирува туристите за време на жешките летни денови.
Топлината предизвикува овие мириси да испаруваат од водата, а имаат големи шанси да стигнат и до копното.
(О)Милена | Црнобело