„Премногу сум убава, а жените се љубоморни затоа што мислат дека ќе им ги украдам дечковците“
- Детали
- сабота, 11 декември 2021
„Ме пријавуваат за интернет измами затоа што сум премногу убава, а добивам и гневни пораки на Инстаграм, не е лесно да си убав“ – се жали поранешната финалистка на Мис Словачка и инфлуенсерка Вероника Рајек.
Вероника Рајек (25) од Словачка е инфлуенсерка и финалистка во Мис Словачка за 2016-та година, а благодарение на добриот изглед има над 1 милион следбеници на Инстаграм.
Но, вели дека таа постојано е мета на критики од жените што сметаат дека таа не е „реална“ и дека нејзиниот убав изглед не е вистински.
Вероника вели дека честопати ѝ се случува профилот да ѝ биде избришан затоа што следбениците ја пријавуваат дека е лажен лик, а според неа, тоа е затоа што е „премногу убава“ и луѓето не веруваат дека нејзиниот изглед е реален.
„Луѓето не веруваат дека јас постојам. Навистина е дискриминирачки тоа што другите жени може да го прават истото, а јас не можам и ми ги бришат профилите затоа што сум премногу убава.
https://www.instagram.com/p/CL4ipw5LAfs/?utm_source=ig_web_copy_link
За себеси велам дека сум вонземјанин затоа што луѓето не веруваат дека сум вистинска. Мислат дека сум ’бот‘ или интернет измамник. Обично велат дека им е лесно на убавите луѓе, но мене ми е навистина тешко поради мојот изглед“ – вели Вероника.
Освен честите пријавувања, Вероника се соочува и со невкусни пораки од жени што велат дека таа користи филтери за да изгледа совршено.
„Добивам пораки од мажи што не сметаат дека сум вистинска и најлошите пораки се од жените што ме прашуваат зошто глумам и бараат доказ како навистина изгледам.
Не правам никакви измени и не користам филтери – освен алатка за измазнување на кожата, но сметам дека тоа е нормално“ – вели таа.
Вероника вели дека најголем дел од нејзините следбенички го прават ова затоа што се загрижени дека таа ќе им ги украде дечковците.
За да им стави крај на гласините дека направила операција на градите, Вероника платила 80 евра за да направи преглед и да добие потврда од лекар дека нејзините гради се вистински, а појаснува дека добриот облик на градите е благодарение на тоа што од многу млада почнала редовно да вежба.
Дополнително, ако сега е мета поради големите гради, до 17 години имала проблеми затоа што воопшто немала гради, а погрдно ја нарекувале „жирафа“ затоа што била висока и без облини.
Вероника вели дека нејзиниот изглед се должи на здравиот начин на живот. Таа не оди на забави и вежба петпати неделно.
Повеќе фотографии во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CVgNCOTPsb6/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CMxMsD2rTG5/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CLEuND8LetC/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CIyEvIKrTEX/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CG5HF1DnA7g/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CD9DyOiH0i1/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело