Девојка си ја споделува маката: „Нарачав секси фустан онлајн, а добив розова вреќа“
- Детали
- вторник, 02 ноември 2021
„Личи на завеса за туширање / Никогаш немам видено розова вреќа за ѓубре“ - се само дел од коментарите на видеото во кое девојка покажува разлика помеѓу секси фустанот кој го нарачала онлајн и тоа што ѝ стигнало. Какво е вашето искуство со онлајн купување?
Голем број девојки досега на социјалните мрежи споделиле видеа и фотографии од разочарувањето што го доживеале откако производите што им биле доставени воопшто и не наликуваат на она што го нарачале на интернет.
Особено, ако се земе предвид дека најчесто облеката се рекламира на витки модели, често се случува да изгубиме перцепција за тоа како би изгледала кога би ја носеле луѓе со облини.
На социјалните мрежи е хит ТикТок видео од девојка, во кое таа прави споредба помеѓу фотката со која бил рекламиран секси PVC фустан и она што таа го добила откако го нарачала онлајн.
Фустанот идеално ги следи облините на телото на моделот што го рекламира, па тиктокерката мислела дека ќе добие приближно ист ефект.
https://www.instagram.com/p/CRZTxMhhfPS/?utm_source=ig_web_copy_link
Наместо секси розов фустан кој ги следи нејзините облини, девојката добила розова, широка вреќа, а споредбата е идеално прикажана во ТикТок видео.
Нејзините следбеници се инспирирале од лошиот модел кој пристигнал, па коментираат дека фустанот наликува на розова завеса за туширање, розов куфер, а еден коментар гласи: „Првпат гледам розова вреќа за ѓубре“.
Погледнете го видеото од споредбата:
@havianaaaaaa__ ##greenscreen @prettylittlething i hated this so bad for me ☹️ ##PrimeDayShowPJParty ##28XTREMES ##prettylittlething
♬ original sound - Kneely_Knight
Б. С. Б. | Црнобело