8-годишно девојче од САД позира и ракува со пиштоли и пушки – родителите мета на критики
- Детали
- петок, 22 октомври 2021
Мало девојче со смртоносно оружје во рака е за секоја осуда. Родителите од целиот свет се згрозени од несовесноста на таткото на 8-годишната Отом. Се препорачува повеќе да се внимава што следат децата на социјалните мрежи...
Отом Фрај е 8-годишно девојче од Пенсилванија чиј Инстаграм профил е и повеќе од скандалозен. На него има тон фотографии на кои таа позира со пушки и пиштоли.
Фрај е и Јутуб „ѕвезда“ со милиони претплатници за кои снима видеа на кои ракува со смртоносно оружје. Па, замислете на какви содржини се изложени децата на социјалните мрежи...
И додека нејзините родители, особено татко ѝ, се горди на неа, поголемиот дел од родителите од целиот свет се згрозени од ова несовесно однесување.
Нејзиниот татко Ренди вели дека е вљубеник во оружје, па својата љубов ја пренел и на ќерка си од најмали години.
Тој вели дека ја учи дека мора да внимава и на безбедноста при ракување со оружје. Почнал да ја снима од 7-годишна возраст како споредува и тестира оружје.
На Инстаграм, Отом ја следат повеќе од 43.000 луѓе, а нејзините фотографии изгледаат несоодветно.
Мало девојче со оружје во рака дефинитивно е потег кој секој би го осудил со право.
С. С. | Црнобело