Луд подвиг – маж и жена од Канада пренеле цела куќа преку вода на нова адреса (видео)
- Детали
- вторник, 19 октомври 2021
Даниел и Кирк ја нашле нивната куќа од соништата, но бидејќи не можеле да го купат земјиштето, решиле да ја преместат целата куќа, и тоа преку вода, на растојание од околу 1 километар.
Сигурно никогаш не сте ни помислиле да го преместите вашиот дом од едно на друго место, но за еден пар од Канада ова се чинело како единственото решение.
На Даниел Пени и Кирк Ловел од Канада многу им се допаднала куќата изградена пред 100 години која сакале да ја купат.
Но, дознале дека сопствениците на куќата и земјиштето планирале да ја рушат за да изградат нова. Сопствениците не сакале да го продадат земјиштето, па парот добил идеја да ја купи само куќата и да ја премести на нова локација.
Според Даниел, куќата „имала душа“, па таа и нејзиниот партнер биле убедени дека тоа мора да биде нивниот нов дом.
Прво парот планирал да ја премести куќата со помош на камион, но проблем претставувале жиците од бандерите кои биле поставени многу ниско.
Тогаш се сетиле дека во 1960-тите во Канада имало многу случаи каде што луѓето ги преместувале нивните куќи од едно на друго место, и тоа преку вода.
„Си помисливме дека можеме да ја пренесеме преку вода. Во Канада редовно го правеа тоа во 1960-тите, а тогаш сигурно немаа опрема како денес.
Со денешната модерна технологија, си помисливме - зошто да не пробаме“, вели Даниел за лудиот подвиг.
А, изгледа дека преместувањето куќи е релативно лесно изводлив процес. Најпрво куќата била ставена на платформа со тркала, па така ја „извозеле“ до брегот.
За да се осигурат дека куќата нема да потоне, на неа закачиле 28 пластични буриња полни воздух и ја изолирале со стиропор.
Posted by Keith Goodyear on Monday, October 11, 2021
Posted by Keith Goodyear on Monday, October 11, 2021
Потоа куќата била влечена од три чамци до спротивниот брег.
„Постојано се молевме. Се прашувавме – дали ќе плови или ќе потоне?“ – открива Даниел.
Daniele Penney and Kirk Lovell’s Resettlement of Miss Harper’s Home, McIvers.
Posted by Keith Goodyear on Monday, October 11, 2021
Парот се соочил и со проблеми на половина пат, кога куќата почнала многу да се навалува и да се полни со вода, но сепак успеале да ја спасат и безбедно да ја извадат на копно.
Сега куќата се наоѓа на земјиштето на Даниел и Кирк, а парот вели дека треба уште да доградат подрум.
На видеото во продолжение можете да погледнете како изгледа процесот на преместување куќа:
Спирова С. | Црнобело