Жена од Индија го роди првото дете на 70 години

Нејзиниот сопруг има 75 години и парот одлучил да се обиде да има дете со асистирано оплодување, иако докторот прво се противел. Резултатот бил успешен.

zhena-od-indija-na-70-godini-go-rodi-prvoto-dete-01.jpg

Жена од Индија по име Jivunben Rabari е хит во светските медиуми затоа што своето прво дете го роди на 70 години (како што тврди таа) и со тоа е една од најстарите родилки во светот.

Таа со својот 75-годишен сопруг гордо го покажува нивниот син, за кој вели дека е зачнат со помош на асистирано оплодување.

zhena-od-indija-na-70-godini-go-rodi-prvoto-dete-02.jpg

Rabari нема лична карта за да ги докаже своите години, но пред новинарите од целиот свет тврди дека има 70.

Нејзиниот доктор вели дека ова е еден од најретките случаи што ги видел, жена во менопауза да роди дете толку доцна со асистирано оплодување. Тој прво го одбил барањето на парот, но тие инсистирале многу, па така се одлучил да се обидат со асистирано оплодување.

zhena-od-indija-go-rodi-prvoto-dete-na-70-godini-05.jpg

Постојат податоци за уште една жена од Индија која родила за првпат многу доцна, и тоа станува збор за  Erramatti Mangayamma, која во септември 2019 година родила близнаци кога била на 74-годишна возраст.

Jivunben Rabari со сопругот и новороденчето:

zhena-od-indija-na-70-godini-go-rodi-prvoto-dete-03.jpg

zhena-od-indija-na-70-godini-go-rodi-prvoto-dete-04.jpg

zhena-od-indija-go-rodi-prvoto-dete-na-70-godini-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg