Луксузни подвижни тоалети, трансформирана фарма за коњи – Колку милиони ќе плати Бил Гејтс за свадбата на ќерка му?

Најстарата ќерка на Бил и Мелинда Гејтс, Џенифер (25), овој викенд ќе стапи во брак со нејзиниот свршеник Најел Насар (30). Како ќе изгледа свадбата на Џенифер и колку пари ќе потрошат Бил и Мелинда за настанот?

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-kjerkata-kako-izgledaat-podgotovkite-01.jpg

Според информациите објавени во Daily Mail, Бил и Мелинда ќе потрошат најмалку 2 милиони долари за свадбата на нивната ќерка, што иако за многумина звучи многу, сепак е „ситница“ ако се спореди со вистинските кралски свадби што чинеле и до 70 милиони долари.

На што ќе ги потрошат парите?

Во текот на изминатите денови се завршуваа последните подготовки за раскошната свадба на ќерката на милијардерот.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-02.jpg

Свадбата ќе се одржи на фармата за коњи во Њујорк што е сосема сфатливо доколку се земе предвид дека младенците се професионални јавачи.

Сепак ова не е каква било фарма, туку станува збор за луксузен имот, вреден 16 милиони долари, што Џенифер го добила како подарок откако дипломирала на Стенфорд во 2016-та година.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-03.jpg

Според оние малку информации што досега се објавени во јавноста се знае дека свадбата во целост ќе биде тематска и инспирирана од професијата на Џенифер и Најел.

Наместо шатори за гостите, се гради посебен приемен дел. Дел од медиумите веќе објавија фотографии од масивните стаклени павилјони што се изградени на имотот и каде ќе бидат примени гостите.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-05.jpg

Како што соопштуваат очевидците, на имотот исто така се носат и луксузни подвижни тоалети што исто така ќе бидат во склоп со тематиката.

Исто така се гледа дека се гради и голема сцена каде младенците ќе го кажат судбоносното „Да“.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-06.jpg

Речиси сите информации поврзани со свадбата на Џенифер Гејтс се поврзуваат со она што може да се види дека се случува на имотот, а досега немало официјални податоци за тоа кој ќе дојде на свадбата, колку чини невестинскиот фустан, дали ќе бидат подготвени посебни подароци за гостите.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-07.jpg

Дел од медиумите пишуваат дека соседите на имотот се вознемирени од бучавата за подготвките за свадбата и според нив, сето тоа е мегаломанско и непотребно. Како што велат, особено ги вознемирува тоа што постојано доаѓаат камиони што носат материјали за настанот.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-09.jpg

Иако се разведени, Бил и Мелинда ќе присуствуваат и двајцата на свадбата.

Мелинда беше забележана во текот на изминатите денови заедно со ќерка ѝ додека ги привршуваа подготовките, а Бил е фотографиран како со хеликоптер пристигнува на имотот каде во сабота неговата ќерка ќе стапи во брак со своето долгогодишно момче.

bil-i-melinda-kje-potroshat-najmalku-2-milioni-dolari-za-svadbata-na-10.jpg

Инаку семејството Гејтс со прославите по повод свадбата започнаа уште во септември, кога Мелинда подготви wedding shower.

Моминската забава на Џенифер пак се одржа во Санта Барбара, Калифорнија, каде гостите беа сместени во Rosewood Miramar Beach хотелот и уживаа во јога покрај плажа. Се знае дека собите во овој хотел чинат од 1.500 до 3.000 долари по ноќ.

Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Џенифер и Најел:

https://www.instagram.com/p/CT4i22tLEXx/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CSo7U4In1K2/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CRaSWq9tbvT/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg