Трча планински маратони, има 78 години и е во топ форма – која е „најбрзата баба во светот“?

Барбара Примаковска од Полска има 78 години, но годините не ја спречуваат гордо да ја носи титулата „најбрзата баба во светот“. Трча планински маратони, но и маратони со скии. 

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-01.jpg

Барбара досега има освоено голем број медали на маратоните во светот, меѓу кои и во Токио, Бостон, Чикаго, Берлин, Лондон и Њујорк.

Таа целиот свој живот се занимавала со спорт, а работела како наставничка по физичко образование. Својот прв маратон го истрчала на возраст од 58 години и оттогаш е во постојана потрага по нови предизвици.

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-02.jpg

Како што вели отсекогаш се занимавала со спорт, скијање, тенис, пливање и лизгање, но трчањето дошло многу подоцна.

„На возраст од 58 години го истрчав мојот прв маратон во Краков. Беше многу топло, што не ми се допаѓаше. Мојот сопруг целата рута ја возеше со велосипед, а јас го истрчав овој маратон за 4 часа и 31 минута.

Резултатот беше мошне позитивен доколку се земе предвид мојата возраст и тоа ме натера да мислам дека можеби и не е толку лошо да учествувам во маратони“ – вели таа.

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-03.jpg

Во последните две децении, Барбара успеала да се искачи на Мон Блан и учествувала на повеќе скијачки манифестации низ Европа.

Титулата „најбрзата баба во светот“ ја доби откако истрча 7,8 km планински маратон од Закопане Полска со врвот Каспрови врв за само 1 час и 45 минути.

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-04.jpg

Освен што трча класични маратони, Барбара е активна и на планинските маратони, но и трча со скии.

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-05.jpg

За неа годините не се пречка, туку напротив, таа нема намера во брзо време да престане да бара нови предизвици и нови маратони.

nikogash-ne-e-docna-prviot-maraton-go-istrchala-na-58-godini-a-na-78-e-najbrzata-baba-na-svetot-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Facebook

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg