Бебе родено со 480 грама се борело за живот – прегратките од братот близнак го спасиле
- Детали
- четврток, 07 октомври 2021
Љубовта од едното близначе му помогна на другото да преживее, иако е родено само со 480 грама. Приказна од Велика Британија што го освои светот...
Честер Грејвс е роден на 15-ти јули во 28-та недела од бременоста на неговата мајка со тежина од само 480 грама, заедно со неговиот брат близнак Отис кој тежел 3 пати повеќе, односно 1 килограм и 560 грама.
Двете близначиња поради тоа што биле предвреме родени биле задржани во болница, но Отис бил пуштен по 6 седмици и сега тежи 2 килограми и 800 грама, додека Честер морал многу храбро да се бори за својот живот уште од првиот ден и сега едвај стигнал до тежина од 1 килограм и 530 грама.
Неговите родители Кели Грејс (32) и Били (35) од Велика Британија велат дека е вистинско чудо тоа што Честер преживеал и сметаат дека тоа во голема мерка е благодарение на прегратките од неговото братче близнак Отис.
„Не се сомневам дека прегратките од неговиот брат близнак му помогнаа да се избори“, вели Кели и додава дека ако вака напредува, Честер за месец-два ќе биде дома со своето семејство.
Фотографиите од близначињата стана вирален хит:
С. С. | Црнобело