Билет во сите правци: Јапонскиот пасош е „најмоќен“ на светот - на кое место се наоѓа македонскиот?
- Детали
- четврток, 07 октомври 2021
Лондонската фирма Henley & Partners која дава професионални совети за државјанство и престој во земјите, објави ревидирана листа на „најмоќните“ пасоши во светот, според која јапонскиот пасош е прв на листата, бидејќи може да се користи за патување во 192 земји без виза.
Таканаречениот индекс Хенли се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која редовно ги следи најдобрите пасоши во светот од 2006 година.
Рангирањето на „моќта“ на пасошот се мери врз основа на тоа во колку земји во светот може да се патува без виза со одреден пасош на една држава.
Бидејќи при креирањето на новата листа не беа земени предвид привремените ограничувања заради пандемијата, носителите на најмоќните пасоши - Јапонија и Сингапур - можат да патуваат во 192 земји без визи.
Тоа се 166 дестинации повеќе во коишто може да отпатуваат жителите на овие 2 држави, за разлика од Авганистанците коишто се на дното на листата и кои можат да влезат само во 26 земји без виза.
Српскиот пасош е на 39-то место на листата, имајќи предвид дека граѓаните на Србија можат да патуваат без визи во 135 земји.
Хрватскиот пасош е на 18-то место, словенечкиот пасош на 11-тото, Црногорците се рангирани на 48-мо место, босанскиот пасош се најде на 54-тото, додека македонскиот пасош е на 47-то место на списокот.
Со македонскиот пасош, без виза можат да се посетат 125 држави.
Последниот извештај на Хенли е показател дека глобалниот јаз во слободата на патување никогаш не бил поголем.
Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.
(О)Милена | Црнобело