Татко ја испраќа до олтарот девојката, која преживеала поради дониран орган од неговата почината ќерка
- Детали
- вторник, 05 октомври 2021
Ќерката на овој човек настрадала во сообраќајна незгода само неколку денови пред нејзината свадба во 2017 година. Сега, девојката која преживеала благодарение на трансплантација на орган од неговата ќерка, го избрала за да ја испрати до олтарот на својата свадба и на овој начин сака да му изрази благодарност за сè.
Дијана Донарума е 28-годишна девојка од Њујорк која со солзи во очите чекореше кон олтарот со Даниел Донели под рака, кон саканиот Конлан Крехер.
Даниел Донели е таткото на Хедер Донели, девојка која настрада во сообраќајна незгода и чиј орган го спасил животот на Дијана, откако таа доживеала откажување на цревата во 2017 година.
Неговата почината ќерка Хедер
Дијана открила дека Хедер настрадала неколку дена пред свадбата со нејзиниот свршеник, па затоа на таткото на Хедер му понудила токму тој да биде оној кој ќе ја испрати до олтарот на нејзината свадба, кога веќе не може да ја испрати својата сопствена ќерка.
Хедер починала во сообраќајна незгода во 2017 година, а трансплантацијата на црева од неа ѝ го спасила животот на Дијана, која имала откажување на цревата поради болеста дисаутономија.
Со неговата почината ќерка Хедер
Една година по трансплантацијата, на Дијана ѝ било дозволено да го контактира семејството на Хедер, кое имало опција да го прифати или одбие барањето.
Даниел го прифатил и откако зборувале по телефон, Дијана дознала колку прекрасна личност била Хедер и не можела да престане со плачење два дена.
Во наредниот период таа отворено говорела и пишувала за тоа како Хедер ѝ го спасила животот и потоа се сретнала со нејзиниот татко и воспоставиле навистина емотивна врска.
Фотографии од мигот што ќе ве расплаче:
Таткото на Дијана го прегрнува таткото на Хедер на свадбата на Дијана
С. С. | Црнобело