Му била „тајно оружје“ на Путин – која е атрактивната Дарија Бојарскаја? (фото)
- Детали
- среда, 06 октомври 2021
На средбата со Доналд Трамп во Јапонија во 2019-тата година, рускиот претседател Владимир Путин до себе како „тајно оружје“ ја повикал атрактивната интерпретаторка која требало да му го одвлече вниманието на претседателот на САД. Која е Дарија Бојарскаја?
Поранешната секретарка во Белата Куќа Стефани Гришам во својата книга I'll Take Your Questions Now открива повеќе непознати детали за претседателското семејство на САД.
Прочитајте и Му се одмаздувала на Доналд за неверствата и уште 7 тајни за Меланија Трамп, откриени од соработничка
Во нејзините пишувања се открива дека Дарија е искористена од страна на рускиот претседател Путин и заради нејзиниот добар физички изглед, покрај нејзините јазични познавања.
Гришам тврди дека атрактивната Дарија Бојарскаја (36) добила задача да учествува на состанокот G-20 во Јапонија, но таквата одлука, наводно била поврзана само со изгледот на младата интерпретаторка, а не на нејзиното говорење повеќе светски јазици.
Гришам тврди дека експертката за руска администрација Фиона Хил сметала дека убавицата е мошне сомнителна и тоа отворено го кажала:
„Кога започна состанокот Фиона Хил се наведна и ме праша дали ја забележав интерпретаторката на Путин, која беше мошне атрактивна бринета со долга коса, убаво лице и прекрасна фигура.
Потоа рече дека Путин ја избрал таа жена со посебна цел да го сврти вниманието на нашиот претседател“ – вели Гришам во својата книга.
Бојарскаја аматерски се занимава со танцување салса, а вработена е во Парламентарното собрание на ОБСЕ и Министерството за надворешни работи.
Руските медиуми пишуваат дека таа е по потекло од Калининград и е преведувачка од германски и англиски јазик.
Освен што го придружувала Путин на состанокот со Трамп, таа го придружувала рускиот претседател во повеќе наврати, како и за време на неговите средби со Обама и со други претставници од САД.
Бојарскаја се воздржува од коментари по повод пишувањата на Гришам во нејзината книга, а руските медиуми истакнуваат дека таа е мошне скромна и повлечена личност, што сака својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста.
Иако на фотографиите од состанокот, Дарија е во формално издание во син костим, сепак на Инстаграм таа споделува смели фотографии на кои позира во провокативни изданија.
Повеќе фотки од Дарија, жената која Путин ја користи како „тајно оружје“ на важни лидерски средби, заради нејзиниот изглед:
https://www.instagram.com/p/CSoU0THitG7/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CPyeTE0hrpY/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CJdGEmTB20I/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CG9VNERhrG_/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CF-4QUFhdlZ/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CF2KyLXBocS/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CFWT_f4B483/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело