Сестричката го носеше на раце, а сега се гордее – момчето со рак од виралната фотка конечно се излечи

Фотографијата на која 5-годишната Обри го галеше по грбот тогаш 4-годишниот Бекет кој боледуваше од леукемија, стана вирална, а сега мајката соопшти дека малото момче е излекувано.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-01.jpg

Во септември 2019-тата година Кејтлин Бурџ од Тексас сподели фотографија како нејзината 5-годишна ќерка Обри се грижи за 4-годишното братче Бекет што тогаш боледуваше од леукемија.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821407.jpg

Болеста била за првпат дијагностицирана кога Бекет имал само две години, откако претходно имал инфекција на увото. По ова поминал неколку месеци во болница и бил лекуван со хемотерапија.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821408.jpg

„Неговата болест почна преку ноќ со инфекција на увото. Немаше никакви симптоми што укажуваа на тоа дека тој боледува од леукемија“ – вели таа.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821410.jpg

Пред две години фотографијата на која се гледаше како тогаш 5-годишната Обри го охрабрува нејзиното помало братче додека ги трпи последиците од хемотерапијата стана вирална.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821412.jpg

Мајката тогаш сподели дека нејзината ќерка понекогаш и го носела во раце своето мало братче и го ставала на каучот, кога тој бил мошне слаб и не можел да оди сам.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821413.jpg

Кејтлин која има уште една помала ќерка, вели дека во 2019-тата одлучила да ја објави застрашувачката фотографија за да покаже колку е важно семејството во тешките мигови од животот, а тврди дека поради болеста, Обри и Бекет денес се мошне блиски.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821411.jpg

„Обри имаше толку големо влијание и му помогна да се избори со болеста. Тие развија таква поврзаност, што ниту јас како мајка не можам да ја заменам.

Додека тој беше на хемотерапија таа му беше втора мајка, но сега со оглед на тоа што повеќе не е на терапија, тој сака да биде повеќе независен. Нејзе тоа ѝ паѓа мошне тешко“ – вели Кејтлин.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821415.jpg

По двегодишна тешка битка со злокобната болест, во август годинава малиот Бекет конечно престанал со терапиите.

Сега по две години, Кејтлин вели дека Бекет е излекуван и се вратил во училиште. Тој и неговата сестра Обри се мошне блиски, но, иако ретко, сепак понекогаш и се расправаат.

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821421.jpg

За мајката ваквите расправии пак значат дека по тешката борба со злокобната болест, животот, полека, но, сигурно се враќа во нормала.

Погледнете уште неколку фотографии од малиот Бекет:

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821420.jpg

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821416.jpg

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821417.jpg

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821418.jpg

dokaz-deka-ljubovta-megju-bratot-i-sestrata-e-nezamenliva-momche-se-izbori-so-kancerot-a-sestrichkata-se-grizheshe-za-nego-354821419.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg