Британска милионерка (27) низ фотки си го прикажува луксузниот живот – претерано или заслужено?
- Детали
- четврток, 30 септември 2021
Кога на 27 години ќе заработиш милиони на сметката и со задоволство си се фалиш со тоа...
Маја Џама (27) е британска милионерка која не се срами да каже дека со својата напорна работа заработува многу.
Водителката и сопственичка на фирмата „MIJ Entertainment & Co private firm“ не се плаши да навлезе во секоја сфера, па така продава парфеми, свеќи, накит, облека, кожени модни додатоци, нуди сервиси како шминка и фризура итн.
Досега таа била и модел за низа познати брендови меѓу кои Adidas и Maybelline, а беше во врска и со раперот Stormzy.
Неодамна го прослави својот роденден со приватен џет на тропска дестинација со новото момче Бен Симонс, кој е НБА играч.
Од брендирани парчиња облека до ноќни забави со скапи пијалаци во луксузни локали, Маја постојано на Инстаграм го прикажува својот раскошен стил на живот.
Таа смета дека кога некој успеал да заработи има право да си се фали со тоа. Што мислите вие?
Животот на британската милионерка низ фотки:
https://www.instagram.com/p/CQ3fSBRFSqq/
С. С. | Црнобело