Искрени исповеди на жени со алопеција: „Дечко ме остави кога дозна зошто носам перика – сега шетам и ќелава“

Паѓањето на косата е честа појава кај мажите, особено постарите и сите го имаме прифатено ова. Но нештата се многу поразлични кај жените.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-01.jpg

Ќелавоста е табу-тема кога станува збор за жена. Поради наметнатите стандарди за убавина, сите ја поврзуваме женственоста со бујна коса, па жените кои од разни причини се ќелави, имаат огромни проблеми со самодовербата и прифаќањето на нивниот изглед.

Но, сè почесто, жените кои се нашле во ваква ситуација зборуваат отворено за ќелавоста. Докажуваат дека е нормално и жена да биде ќелава. Докажуваат дека нивната убавина и нивната вредност не се диктирани од тоа дали имаат или немаат коса.

Неколку жени кои ја изгубиле косата решиле да ги споделат своите приказни со цел да им помогнат на другите девојки и жени во иста ситуација.

Во продолжение нивните исповеди:

Мишел

Мишел има 53 години, а нејзината мајка забележала дека ѝ паѓа косата уште на 5-годишна возраст. Таа ја изгубила косата од егзема и алергии и сега си ја бричи главата еднаш неделно.

Всушност, Мишел вели дека сега дури и да ѝ се „врати“ косата, повторно ќе ја бричи главата.

„На почетокот имав само мали делчиња без коса, но со текот на времето се зголемија. Ова се случуваше во 1970-тите кога никој не ја разбираше алопецијата и морав да одам на училиште со марама на главата.

На 8-годишна возраст почнав да носам перика. Бев млада и не разбирав зошто ми се случува ова и зошто бев игнорирана и малтретирана од децата кои претходно ми беа најдобри пријатели.

Кога станува збор за љубов, мојата ќелавост може да биде интересна тема на разговор на почетокот од врската, а досега сум имала само една непријатна ситуација. Дечко ме праша зошто носам перика, па му реков дека имам алопеција. Ме погледна и само ми рече дека не може да се справи со тоа, па си замина. Бев разочарана.

Денес имам многу перики и ги одбирам во зависност од тоа каде одам, што правам и што носам. Но исто така сакам и да сум ќелава“.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-02.JPG

Аманда

Аманда од Канада има 33 години и првпат забележала дека ѝ паѓа косата на 23-годишна возраст.

Цели три години таа постојано носела перики за да ја скрие алопецијата, но сега се чувствува удобно во своја кожа. 

„Кога првпат забележав дека ми паѓа повеќе коса од вообичаено, не помислив ништо. Но само неколку недели подоцна сфатив дека има многу влакна на чешелот и перницата.

Почнав да забележувам и ќелави места на главата. Кога еден една се погледнав во огледало и сфатив дека сум изгубила околу 25% од косата, почнав да паничам. Некако одбивав да поверувам што ми се случува до тој момент.

Прво помислив дека умирам, па се јавив во клиника и отидов на преглед без да кажам никому. Со секое влакно што паѓаше, губев дел од мојата самодоверба. Знаев дека повеќе не ги исполнувам стандардите за убавина, а ова беше трауматично.

Кога му кажав на сопругот (тогаш ми беше само момче) дека ми паѓа косата, тој само ми рече дека ме сака мене поради тоа што сум, а не поради косата. Оваа изјава ги постави темелите на нашиот стабилен брак.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-03.JPG

Почнав да носам перики за да ја прикријам алопецијата. Но сега, кога се чувствувам поудобно во моја кожа, периките ми станаа повеќе како моден додаток наместо нешто неопходно.

Имам забележано дека луѓето реагираат кога не носам перика и зјапаат во мене, но се навикнав на тоа. Исто така забележав дека луѓето се подобри кон мене кога сум без перика и сакаат да ми помагаат. Сепак, има стигма околу женската ќелавост и сите мислат дека причината мора да е некоја смртоносна болест. Ова, секако, не е вистина.

Повеќе не обрнувам внимание на лошите коментари и го давам најдоброто од себе да ја тргнам стигмата и да ја нормализирам женската ќелавост“.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-04.JPG

Џо

41-годишната Џо почнала да ја губи косата во 2017 година, а нејзината алопеција се јавила како резултат на огромен стрес поради финансиски проблеми.

„Многу се грижев за финансиската состојба бидејќи бев на породилно отсуство и по некое време најдов ќелаво место на главата. Отидов на лекар и дури да ги добијам резултатите, ми падна целата коса.

Бев преплашена што толку брзо ја изгубив целата коса. Недостатокот од контрола е мислам најлошото нешто во оваа ситуација.

Мојата алопеција има поагресивна форма, па откако ми падна косата, почнаа да ми паѓаат влакната од целото лице. Се чувствував како да исчезна мојот идентитет. Ми се сруши самодовербата.

Губењето на веѓите и трепките е најлошото нешто што ми се случило. Одново учев како да си го сакам одразот во огледалото.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-05.JPG

Сега сфатив дека само треба да се сакаме себеси. Тоа што го прифатив новиот изглед ми донесе големо олеснување. Сега не се срамам од она што ми се случи, туку среќна сум што можам толку брзо да менувам фризури благодарение на периките.

А, запознав и толку прекрасни луѓе кои го искусиле истото. Ако не ми паднеше косата, никогаш немаше да ги запознаам.

Многу сум отворена за мојата состојба и обично им кажувам сè на луѓето што ги интересира. Треба да ги едуцираме другите за да ја тргнеме стигмата“.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-06.JPG

Дени

Дени ја изгубила косата на 33-годишна возраст, откако почнала да оди на хемотерапија и иако го очекувала тоа, не ѝ било лесно да се адаптира.

„Ми требаше време да се помирам со дијагнозата за рак и се сеќавам дека на почетокот бев преплавена со негативни информации. Кога го слушав зборот ’рак‘ ми се чинеше дека само го набљудувам мојот живот отстрана, како да гледам филм.

Поради генетскиот ризик да ми се врати ракот, и две години по хемотерапијата знаев дека треба да бидам подготвена на сè.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-07.JPG

Го очекував паѓањето на косата. Мислам дека сите луѓе кои примаат хемотерапија се подготвени на тоа. Ќелавоста стана како симбол за рак.

Но наместо да ја кријам мојата глава од моите ќерки, само им дадов фломастери и им реков ’Време е да нацртате нешто на главата на мама'.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-08.JPG

Слушав многу приказни за тоа дека по хемотерапијата косата може да порасне погуста, виткана, па дури и со друга боја. Воопшто не очекував косата да ми порасне многу тенка. Не очекував дека ќе имам делови без коса на главата. Мојата нова коса беше многу тенка и толку кршлива, што ми беше страв да ја чешлам.

Дали вистински ја прифатив мојата нова коса по хемотерапијата? Не сум сигурна. Уште користам секакви продукти и ја покривам косата со марами.

Сега сум во раните 40-ти и поголемиот дел од животот бев изложена на фотографии од ’совршени жени‘. Од слаби тела без целулит, до мазна кожа без брчки - нешта што очигледно се лага.

Сето ова ми ја сруши самодовербата. Но, сега на социјалните мрежи почнав да следам луѓе кои ги покажуваат нивните вистински тела. И, постепено почнувам да се прифаќам себеси.

Уште учам, но веќе мојата вредност и мојата убавина не ги поврзувам со мојата коса. Наместо тоа се фокусирам на тоа да го впијам секој момент и да ги правам нештата што ме прават среќни. Ова, барем, можам да го контролирам“.

iskreni-ispovedi-na-chetiri-zheni-koi-ja-izgubile-kosata-od-razni-prichini-9.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg