Добровоспитано прваче е вирален хит - не ја извадило маската дури ниту за сликање
- Детали
- понеделник, 27 септември 2021
„Треба да си горда. Навистина треба храброст за да ѝ се спротивставиш на возрасна личност (во случајов фотографот) и да се избориш за тоа што сметаш дека е правилно, а твојот син го сторил тоа. Добра работа мајко!“, е еден од коментарите за настанот.
Шестгодишно момче од Лас Вегас стана интернет сензација откако одбило да ја симне заштитната маска од неговото лице на денот за сликање за табло во неговото училиште.
Малиот Мејсон Пиплс одбил да ја симне маската затоа што мајка му му рекла дека додека е на училиште не треба да ја симнува воопшто освен кога јаде.
Момчето строго се држело до упатствата од мајка си и учтиво го одбил фотографот кога тој го замолил да ја симне маската за да го слика.
„Мајка ми ми кажа да ја носам маската цело време освен кога јадам и сум далеку од сите“, му кажал Мејсон на фотографот.
Послушното и воспитано момче со потегот ги трогна луѓето од целиот свет и преку онлајн платформа се собрани повеќе од 18.000 долари за неговиот фонд за колеџ.
Неговата мајка Никол со објава на Фејсбук ги споделува деталите од настанот и им се заблагодарува на сите луѓе кои донирале средства за образованието на нејзиниот син.
„Треба да си горда. Навистина треба храброст за да ѝ се спротивставиш на возрасна личност (во случајов фотографот) и да се избориш за тоа што сметаш дека е правилно, а твојот син го сторил тоа. Добра работа мајко!“, е еден од коментарите за настанот.
Објавата на Никол:
С. С. | Црнобело